четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вкусно: Пристигнуваат тестенини со нутела!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пристигнува новиот специјалитет кој можеби нема да биде добро прифатен од сите, но оваа необична спојка на благо и солено е новата храна за душа – тестенини со нутела крем.Оваа идеја е на италијанскиот ресторан “Carosello” во Австралија кој ќе им понуди на своите гости тестенини со нутела на 25 октомври.
25 октомври е Светскиот ден на тестенините, па по тој повод италијанскиот ресторан во Австралија, “Carosello” одлучи да им приреди изненадување на своите посетители. На тој ден за прв пат ќе ги претстават новите чоколадни тестенини.
 
Се подготвуваат исто како обичните тестенини само со додаток на какао. Во преливот, покрај нутела, се додава традиционалниот италијански ликер од лешник како и гарнир од бело чоколадо, нане, бадеми и малини. 
Чоколадната паста во ресторанот ќе биде достапна само од 24 до 29 октомври.
 Оваа идеја е на италијанскиот ресторан “Carosello” во Австралија кој ќе им понуди на своите гости тестенини со нутела на 25 октомври.

Поврзани вести