Владата само преку АМС инвестирала над 2,2 милијарди денари во изградба на 225 спортски објекти

Во изминатите неколку години, само преку Агенција за млади и спорт, низ целата држава Владата инвестирала преку 2,2 милијарди денари, односно 35 милиони евра со кои изградени се вкупно 225 спортски објекти.Изградени се 34 спортски сали (големи спортски сали со трибини за публика), а реконструирани се 2 постоечки, 50 фудбалски игралишта за голем фудбал, 1 вештачка карпа на кеј на Вардар во Карпош, 74 тениски терени од проектот за изградба на 120 терени, 64 повеќенаменски игралишта од  проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта и 4 повеќенаменски спортски игралишта.
Во моментов АМС работи на нови 42 спортски објекти низ држвата од кои 4 спортски сали (големата сала во УКИМ,сала во Дом за деца без родители во Капиштец,сала во Шуто Оризари и сала во крушевското село Бучин), потоа затворен пливачки базен во Охрид (5 милиони евра), 15 тениски терени од проектот за изградба на 120 тениски терени, 14 повеќенаменски игралишта од проектот за изградба на 100, 4 фитнес зони од проектот за изградба на 20 фитнес зони, 2 спортски игралишта и 2 фудбалски игралишта за голем фудбал.
-Околу 70% од градежните работи се завршени во изградбата на спортската сала во Домот за деца без родители во Скопје, а во моментов се работи и на изградба на 4 нови спортски сали низ целата држава. Покрај во домот за деца без родители во Скопје работиме и во општината Шуто Оризари, големата спортска сала на Универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ која што ќе биде со огромен капацитет, некаде околу 1500 седишта каде ќе можат да се одигруваат и меѓународни натпревари и спортската сала во селото Бучин во општина Крушево, рече Спасески.

Тој посочи дека досега од 2008 година па наваму, за неполни 8 години само преку АМС се  изградени вкупно 225 спортски објекти, за што се инвестирани околу 2.2 милијарди денари или околу 35 милиони евра плус спортските сали кои се направени од МОН и самите општини.
Само минатата година биле изградени 56 спортски објекти што значи по еден спортски објект неделно. Спасески го информираше  Груевски дека веќе се работи и на реализација на проектот „150 баскет игралишта“.
-Тендерската постапка е во завршна фаза. Следната недела очекувам да склучиме договор со проектанти. Верувам дека месец август ако го имаме готов проектот веќе во септември ќе можеме да тендерираме за избор на изведувач, па дури и пред 2017 година ако обезбедиме средства ќе почнеме со работа. Низ цела Македонија во сите општини веќе имаме обезбедено локации, рече Спасески.
Дополнително, за многу брзо ќе се започне со изградба на 3 спортски игралишта (во с.Ложани, во с.Зубовце-Врапчиште и во Зелениково), како и со реконструкција на големото фудбалско игралиште во Демир Хисар.
Инаку, за време на вчерашната посета на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ на Штип, градоначалникот Илчо Захариев информираше дека досега во рамки на градежната експанзија на културни и спортски објекти, само во спортски објекти Владата има инвестирано 1,5 милиони евра. Од страна на Груевски беше посочено дека е добро да се разгледа и можноста, доколку има интререс кај младите, покрај веќе постоечката фудбалска, да се отвори и тениска академија во Штип.Изградени се 34 спортски сали (големи спортски сали со трибини за публика), а реконструирани се 2 постоечки, 50 фудбалски игралишта за голем фудбал

Пронајдете не на следниве мрежи: