ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им пречи инвестирањето во железниците бидејќи не заковаа ниту една шајка во железницата

Бетонските столбови од пругата кон Бугарија се сиот спомен на владеењето на СДСМ во Македонија. Големите зборови и нула реализација се вистинскиот симбол на се што СДСМ правеше во државата – ветуваше и ги лажеше граѓаните. Во меѓувреме, каде отидоа народните пари и подигнатите кредити за никогаш реализираните проекти на СДСМ знаат само на Бихаќка.Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни проекти и ветувања кои се реализираат. Во очајнички обид да ги манипулира граѓаните сега кога и во СДСМ знаат дека бегање од избори и сигурен пораз нема, фабриката за афери се служи и со небулозни тези во кои ВМРО-ДПМНЕ е виновно за реконструкцијата на пругата Ниш-Прешево. Надвор од умот.
Од друга страна, за разлика од СДСМ кој една шајка не закова во железницата, ВМРО-ДПМНЕ навистина е „виновно“ за ремонтот на железничката делница Табановце-Куманово (12 км) и Миравци- Смоквица (12 км), инвестиција од 7 милиони евра.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави и 150 вагони од различни типови за товарен превоз во вкупна инвестиција од 15 милиони евра, а завршена е и набавката на 6 нови патнички возови од кои 4 се дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури. Оваа инвестиција има вкупна вредност од 25 милиони евра.               
Во тек е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце во должина од 30,8 км (инвестиција од 39,8 милиони евра), во тек е тендерот за изградба на нова пруга од Бељаковце до Крива Пaланка во должина од 32 км и проценета инвестиција од 147 милиони евра.              
Во тек се и проектирањето за изградба на нова пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија, проектирањето за изградба на нова пруга од Кичево до граница со Р. Албанија, како и ремонтот на делницата Ногаевци до Неготино во должина од 31 км и инвестиција од 9,3 милиони евра.      
Меѓу другите проекти на кои работи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се и рехабилитацијата и надградбата на железничката станица во Скопје во чии рамки годинава ќе се изврши модернизација на системите за сигнализација и информирање во вкупна инвестиција од околу 2.6 милиони евра.    
Се работи и на реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10. Завршени се Велес, Демир Капија, Градско, Прилеп, Табановце и Неготино, а се работи на Битола, Гевгелија, Богомила и Чашка. Во тек е и набавката на 3 нови локомотиви, во вредност од 7 милиони евра.    
СДСМ е партијата која за железницата не мрдна со прст, освен кога требаше да се украдат парите за никогаш направената пруга кон Бугарија. Тоа не им претставува проблем да пласираат манипулации и да најавуваат проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги реализира. Паничниот страв од соочување со казната од граѓаните за сета деструктивност и создадени кризи за СДСМ е реален и оправдан. За нивна несреќа, бегање од казната на народот нема.Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни проекти и ветувања кои се реализираат. Во очајнички обид да ги манипулира граѓаните

Пронајдете не на следниве мрежи: