ВМРО-ДПМНЕ: Не може да се заборави дека СДСМ на улица остави 200.000 граѓани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано воведува мерки и проекти за подршка на социјално ранливите категории. Наместо предвидените 5% проценти зголемување на социјалната парична помош и постојаната парична помош во 2015 зголемувањето беше 10%, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Вкупно од 2006 до 2015 година социјалната парична помош се зголеми за 61,8 проценти, додека постојаната парична помош од 2006 до 2015 година се зголеми за 60,5 проценти.
Веќе се обезбедени средства за натамошно зголемување на социјалната и постојаната парична помош во јули 2016 година за дополнителни 5 проценти.
Ова се бројките кои за СДСМ се тешки за прифаќање бидејќи за разлика од СДСМ кој создаваше стотици илјади социјални случаи, ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на подобрување на статусот на овие лица.
Не може СДСМ со манипулации да ја фалсификува сопствената срамна историја.
СДСМ има против социјалните случаи кои ги создаде за време на своето владеење да добиваат поголема социјална помош.
Ниту може да се фалсификува ниту да се заборави дека СДСМ на улица остави 200.000 граѓани, создавајќи ја најголемата сиромаштија во историјата на Македонија.
СДСМ не може да прифати дека социјалните случаи кои ги создаде, од 2006 до денес континуирано добиваат зголемување на социјалната помош од државата.
СДСМ нема срам кога зборува за социјалните случаи и лаже и манипулира, надевајќи се дека народот ќе заборави што направи СДСМ, а што за социјалните случаи прави ВМРО-ДПМНЕ.
Но, народот ниту заборава ниту не гледа. Затоа рејтингот на СДСМ е 14,7%, за разлика од 33,3% рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа СДСМ губи девет пати по ред на избори.
Затоа СДСМ за само 109 дена ќе биде казнет по 10-ти рекорден пат. На 24 април ќе му дојде крајот на ваквата политика на СДСМ.Вкупно од 2006 до 2015 година социјалната парична помош се зголеми за 61,8 проценти, додека постојаната парична помош од 2006 до 2015 година се зго

Пронајдете не на следниве мрежи: