ВМРО-ДПМНЕ: Очајот во СДСМ зема се поголем замав

Во таква состојба на агонија, СДСМ во своите соопштенија од земјата на чудата во кои истура бројки како што ќе му се види за корисно, го греши дури и името на Република Македонија.Ваквата панична состојба во централата на СДСМ ќе се зголемува како што наближуваат изборите. Ќе се активираат фабриките за афери, а бројките со кои ќе излегува СДСМ бидат по теркот на вечерното школо за броење „Вице Заев“.
Она што СДСМ ниту може да го излаже, ниту игнорира е дека владата на ВМРО-ДПМНЕ отвори 150.000 нови работни места, донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции, вложи стотици и стотици милиони евра во земјоделието, здравството, инфраструктурата, ја намали невработеноста на рекордно ниско ниво, а Македонија е меѓу најмалку задолжените земји во Европа.
СДСМ во истото тоа време напиша стотици соопштенија во кои се лиферуваат аналитиките на Захир Бекири Чауш. Но, народот не живее во соопштенијата на СДСМ, туку во реалниот свет во кој се покачуваат плати и пензии.
Затоа граѓаните го чуваат СДСМ длабоко во опозиција, веќе 10 години.
СДСМ таму ќе остане и по 5-ти јуни.Ваквата панична состојба во централата на СДСМ ќе се зголемува како што наближуваат изборите. Ќе се активираат фабриките за афери, а бројките

Пронајдете не на следниве мрежи: