ВМРО-ДПМНЕ ОК Аеродром: Лагите на СДСМ не стануваат вистини, туку стануваат нови и поголеми изборни порази

СДСМ продолжува со своите познати манипулатини тактики и измислици од Фабриките за афери на Заев и Чауш. Во недостаток на било какви аргументи, СДСМ мисли дека може сто пати да каже лага и таа да стане вистина, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Аеродром на прес-конференцијата на СДСМ.Интегрален текст од реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром
Лагите на СДСМ не стануваат вистини, туку стануваат нови и се поголеми изборни порази.
Општина Аеродром во изминатите години презеде крупни чекори токму во насока на подобрување на условите за образование. Сите училишта и градинки во општина Аеродром се реновирани, а изградено е едно ново основно училиште и една градинка. Во моментов се градат уште две нови градинки, а на почетокот на наредната година ќе започне изградбата на уште едно основно училиште. Благодарение на соработката на опшина Аеродром со општини од Лондон, најталентираните ученици секоја година патуваат на едукација и посети во престолнината на Велика Британија.
СДСМ кои не само што не изградија ниту еден објект од доменот на културата, туку не променија ниту еден штекер во културните институции, денес лицемерно најавуваат дека ќе отвореле културен центар во Аеродром. За да е шизофренијата поголема, СДСМ постојано ги критикува инвестициите во културата и новоизградените културни центри и театри на територијата на Град Скопје од кој Општина Аеродром е интегрален дел.
СДСМ треба да организира јавна расправа на која ќе даде одговор на прашањата зошто постојано се обидуваат да јаманипулираат јавноста и спроведуваат деструктивни сценарија.
СДСМ треба да каже зошто наместо  да ги поздрави инвестициите во општина Аеродром, инвестиции какви што има низ многу општини во целата држава, работи на тоа тие да не се случат.
Ако  СДСМ не го знае одговорот на овие прашања, ќе го дознае на наредните избори. Граѓаните ги ценат делата и знаат кој се грижи за нив и за нивниот интерес. Затоа својата доверба ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ, а не на деструктивните манипулатори од СДСМ.Интегрален текст од реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром
Лагите на СДСМ не стануваат вистини, туку стануваат нови и се

Пронајдете не на следниве мрежи: