ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Радмила Шеќеринска нема кредибилитет да се обраќа на младите

Радмила Шеќеринска нема ни образ, ни кредибилитет да се обраќа на младите, а уште помалку тоа да го прави од Битола – градот во кој на тие исти млади СДСМ прво им ги избрка од работа родителите, а потоа и им ги ограби преку ТАТ.На прес конференцијата се обрати Пеце Милевски – член на Советот на Општина Битола
Радмила Шекеринска не само што е дрска туку и ја потценува интелигенцијата на младите битолчани, обидувајќи се да ги излаже и „купи“ со наводни нови мерки, за кои сите знаат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна ги воведе и ги спроведува.
Почитувана Радмила , вие веќе одамна го изгубивте образот да зборувате за планови, мерки и ветувања дури и пред вашите млади социјалдемократи, кои одамна не ви веруваат. Дури и тие сфатија дека вашиот по којзнае кој пат даден збор не е ништо ништо повеќе од гол популизам и безуспешен обид за лицемерно додворување.
Да, на младите треба да им се обрне внимание и да им се обезбеди преспектива и услови за подобар живот, но ниту вие, Радмила, ни Заев ни СДСМ немате ни знаење, ни капацитет, ни реални објективни можности да направите нешто повеќе од празни нереални ветувања.
Младите во Македонија добро знаат дека ВМРО ДПМНЕ е нивниот вистински партнер со кој заеднички, како и до сега ќе продолжат да работат на проектите за млади и да се справуваат со предизвиците.На прес конференцијата се обрати Пеце Милевски – член на Советот на Општина Битола
Радмила Шекеринска не само што е дрска

Пронајдете не на следниве мрежи: