ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на изјавата на Дамјан Манчевски

Денес Дамјан Манчевски бесрамно се појавува во јавноста и говори за тутунопроизводителите, што јасно покажува дека во СДСМ се оперирани од срам.Токму Манчевски кој лицемерно денес говори за трудот и маката на тутунарите, во период од 2002 до 2004 година даваше поддршка на владата на СДСМ кога ги третираше земјоделците како граѓани од трет ред, кога не им даде ни денар субвенции и кога им прати полиција на Плетвар да ги тепа, само затоа што си ги побараа своите права.
Истите од СДСМ кои не даваа ни С од субвенции за тутунарите сега имаат ѓон – образ да се појават пред нив и да им говорат за земјоделски политики.
Срамота и крајно навредливо за достоинството и паметењето на граѓаните.
Народот многу добро знае кој и колку направил за земјоделците и една ваква манипулативна прес конференција на очајниот манчевски не може да ги промени фактите и вистината.
Народот знае дека кога СДСМ зборува за едно евро, тогаш мисли на еврото од матните зделки кои ги прават во менувачницата на Вицето.
СДСМ е синоним за деструкција, како што ќе поминува времето до избори така се повеќе ќе ги лажат граѓаните односно ќе им даваат се поголеми лажни ветување и ќе ги манипулираат, но тоа нема да им помине.
Затоа народот за ваквите безобразни лаги на 5 јуни ќе ги казни сурово и СДСМ и Дамјан Манчевски. Јубилејниот десети пораз ќе биде одговор за манипулациите и лагите кои СДСМ ги леферува целиот овој период. Бегање од казната им нема.Токму Манчевски кој лицемерно денес говори за трудот и маката на тутунарите, во период од 2002 до 2004 година даваше поддршка на владата на СД

Пронајдете не на следниве мрежи: