ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партијата која кога беше на власт не успеа ниту да добие акредитација за ИПА фондовите

Финансиските терористи од СДСМ очајно се обидуваат да го покријат срамот од своето антидржавно однесување и директната штета од 25 милиони евра која ја нанесоа на Република Македонија.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Лидија Димова
СДСМ воден од мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ со обидот за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија сакаше да ја продолжи состојбата на криза бидејќи само во такви услови СДСМ е некаков фактор во Република Македонија.
Затоа СДСМ продолжува со измислиците од Фабриките за Афери да се обидува да ја замајува јавноста и да го дефокусира вниманието од чинот на финансиски тероризам кој го извршија неодамна. Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка.
Наместо 25 милиони евра да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, тие ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ. Неодамна во ист ваков чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати. За овие антидржавни чинови финансиските терористи од СДСМ ќе одговараат.
СДСМ е партијата која кога беше на власт не успеа ниту да добие акредитација за ИПА фондовите. За разлика од времето на владеење на СДСМ, Македонија сега ги користи средствата од овие фондови и досега има искористено преку 370 милиони евра. Ниту една лага на СДСМ не може да го промени овој факт. Ниту еден проект од повеќето кои се финансираат со помош на овие фондови не постоеше во времето на СДСМ.
Што и не треба да зачудува, бидејќи СДСМ е позната како партијата која е препознатлива единствено по деструкција, корупција и уништување на економијата, а не како партија која носи инвестиции и отвара работни места. За своето однесување СДСМ ќе одговара и пред граѓаните кои 10 години му забрануваат на тимот предводен од аболицираниот криминалец Зоран Заев да се доближи до власта. Наредната жестока казна за СДСМ доаѓа во првиот момент кога СДСМ ќе собере храброст да излезе на избори.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Лидија Димова
СДСМ воден од мотото „колку полошо за Македонија, тол

Пронајдете не на следниве мрежи: