ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема поставено ни клинец за реконструкција на некоја болница, ниту темел за изградба на нова болница

Петре Шилегов и неговата партија не може да разберат ниту да се помират со фактот дека постои политика која не се базира само на деструкција и креирање на кризи.Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите кои ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат.
Токму затоа СДСМ кога е здравството во прашање не отстапува од залудните очајнички обиди сто пати да каже лага и да се надева дека ќе успее да ја протне како вистина. За среќа на граѓаните на Република Македонија, вистина не стануваат лагите на СДСМ туку ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во здравствениот сектор е позната како партијата која има два проекти: отворањето на познатата јувелирница во време на Владо Димов и промовирањето на бизнис инкубаторот за набавка на стентови под маса кој го водеа високи партиски функционери на СДСМ.
Токму здравството беше еден од најзапоставените ресори кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби честа  одговорноста од народот да ја предводи Владата на Република Македонија. Децениски старите објекти, недостатокот на најосновна опрема и апарати, користење на застарени апарати повеќето добиени како донација, апарати вон употреба и долги листи на чекање, корупција вклучувајќи и корупција за најелементарни работи (доаѓање на ред за прегледи и третмани), недостиг на лекови, континуирано запоставување на кадровски план. Ова е на кратко сликата која беше затекната во овој ресор и која зад себе ја остави СДСМ, затоа што министрите за здравство на СДСМ купуваа ѓердани за своите колешки наместо да водат сметка за здравјето на граѓаните.
За разлика од златарите на СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Бидејќи постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, во нова апаратура и во висока технологија, досега вложивме повеќе од 115 милиони евра за оваа намена – паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето на современи просторни услови.
Опремата која ја набавивме ги следи најсовремените стандарди и со неа драстично се влијае на подигнувањето на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести и можноста воопшто да се прават некои интервенции. Се намалуваат долгите листи за чекање  кои во минатото значеа загубено здравје за луѓето но и пари од буџетот, бидејќи колку подоцна се дијагностицираат некои болести толку поскапо е лекувањето, како и маките на болните од секој аспект. Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести.
Денес е најавена набавката на нова медицинска опрема во секој град во државата, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, во наредните неколку години. Во секој град во државата ќе биде набавена нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница (клиничка, општа или специјална), здравствен дом, како и за болниците и клиниките во Скопје.                                                                              
Кога СДСМ зборува за инвестиции и грижа за здравствениот систем, тријат раце само продавачите на ѓердани и бисери. Кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница, СДСМ не може да си купи со лаги и манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнувало ветувањата кои им ги дава на граѓаните, па така ќе го исполни и ова ветување за реализација на овој грандиозен проект во здравството.
Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и заради таа разлика СДСМ не ја добива поддршката од граѓаните на избори. Заради таа разлика, заради тоа што граѓаните одбираат реализација на проекти и просперитет, наместо деструкција и кризи, СДСМ ќе биде казнет 10-ти пат по ред од граѓаните на 11-ти декември.Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите кои ги нуди и на кои напорно работи да с

Пронајдете не на следниве мрежи: