ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака тотална контрола врз медиумите

Медиумите кои според СДСМ се фер и избалансирани затоа што секојдневно ги фаворизираат лагите и манипулациите од Бихаќка на кои им отстапуваат илјадници секунди во своите информативни програми, повторно известуваа селективно.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината. Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека е објавен е вториот по ред оглас за самовработување на лицата со инвалидност и сите оние кои ќе сакаат да основаат свој сопствен бизнис ќе можат да се пријават во подрачните единици на АВРМ и да добијат грант од државата од 270.000 денари.
Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92 илјади денари. Но затоа тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа на ТВ Телма во 4519 секунди од своите централни вести и дебатни емисии, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 4370 во еден блок на централни вести и дебатни емисии.
Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 8889 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати. Во март СДСМ доби 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби 19.673 секунди во истиот програмски појас на нивните омилени телевизии. Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и ги нема на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ.
Со телевизиите кои не отстапуваат илјадници секунди секој ден на пропагандата од Бихаќка, СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци. Кај порталите кои граѓаните ги идентификуваат како партиски гласила на СДСМ, како што се наградуваниот за фабриките на СДСМ Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила, вчера повторно работеа со полна пареа промовирајќи ги конструкциите и измислиците на СДСМ.
Според СДСМ, така изгледа избалансираното новинарство – медиумите кои ќе ги слушаат нарачките од СДСМ ќе се фер и балансирани, а другите ќе се на ѕидот на срамот и треба да им се одземе лиценца. На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат

Пронајдете не на следниве мрежи: