ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со полна пареа работи на измислување приказни

СДСМ е очигледно во тежок хаос. Затоа продолжува очајно да се бламира и да предизвикува чувство на одбивност кај граѓаните во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Наместо да се посвети кон помагање на најпогодените во поплавените региони, СДСМ се фокусира на лажење. Наместо да им помага на луѓето кои се во мака, СДСМ се труди да ги излаже и да ја злоупотреби нивната трагедија.
Работат со полна пареа фабриките за афери и измислување приказни. СДСМ редовно и бесрамно се обидува да ги манипулира оние на кои им е најтешко.
СДСМ знае дека преку буџетот не се финансираат ниту Панорамското тркало ниту Рајската градина, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш води сметка за граѓаните во Република Македонија, и кога има и кога нема елементарни непогоди кои СДСМ во напад на некрофилизам сака да ги користи за собирање на трошки од масата со политички поени.
СДСМ кој се води од мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и користи човечки трагедии за бесрамно и најдолно да лаже и манипулира, казната од граѓаните си ја добива 9 изборни циклуси по ред.
Финансиските терористи од СДСМ може да продолжат со деструкцијата, манипулациите и континуираните обиди за нанесување штета на граѓаните на Република Македонија и продолжување на кризата бидејќи само во криза СДСМ е некаков фактор. Впрочем, и светските рејтинг агенции јавно обзнанија дека кризата која ја создаде СДСМ и целокупната активност на опозицијата преку манипулирање и лаги, се причинители за намалувањето на кредитниот рејтинг на државата.
Ова ќе заврши на избори, еден ден кога СДСМ ќе собере храброст да се појави пред судот на народот, наместо да бега од соочување со волјата на своите граѓани.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Наместо да се посвети кон помагање на најпогодените во попл

Пронајдете не на следниве мрежи: