ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во очај и паника пред избори плука дури и по детски градинки

ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција по повод соопштението на СДСМ.Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Опседнатоста на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ со Никола Груевски продолжува и во вакви денови кога на Бихаќка се обидуваат да глумат партија и вештачки да создадат оптимизам.
Како што целата јавност виде и вчера и 11 години наназад, еуфоријата на СДСМ никогаш немала покритие бидејќи граѓаните одбираат да ги поддржат делата и реализацијата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо бесот, фрустрацијата и деструкцијата на СДСМ.
Граѓаните ги препознаваат идеите, посветеноста и отчетноста на ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат дека она што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го ветат, го реализираат. Затоа СДСМ има напад на паника пред избори па во таква состојба фрла со дрва и камења по сите позитивни работи кои ги прави ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа „одмазда на неспособните“ од СДСМ, луѓе кои не може да им простат на оние кои работат и создаваат, резултира со плукање дури и по детски градинки. Срамно и дегутантно.
                Токму поради оваа особина на СДСМ, народот не им простува и нема да им прости ниту на 11-ти декември. За граѓаните ќе е лесно да одлучат помеѓу проекти и деструкција. Бројките јасно го покажуваат расположението на народот. Казната за СДСМ доаѓа и од тоа бегање нема.Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Опседнатоста на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ со Никола Груевски продолжув

Пронајдете не на следниве мрежи: