ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за железницата не мрдна со прст

Бетонските столбови од пругата кон Бугарија се сиот спомен на владеењето на СДСМ во Македонија. Големите зборови и нула реализација се вистинскиот симбол на се што СДСМ правеше во државата – ветуваше и ги лажеше граѓаните. Во меѓувреме, каде отидоа народните пари и подигнатите кредити за никогаш реализираните проекти на СДСМ знаат само на Бихаќка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни проекти и ветувања кои се реализираат. Во очајнички обид да ги манипулира граѓаните сега кога и во СДСМ знаат дека бегање од избори и сигурен пораз нема, фабриката за афери се служи и со небулозни тези во кои ВМРО-ДПМНЕ е виновно за реконструкцијата на пругата Ниш-Прешево. Надвор од умот.
Од друга страна, за разлика од СДСМ кој една шајка не закова во железницата, ВМРО-ДПМНЕ навистина е „виновно“ за ремонтот на железничката делница Табановце-Куманово (12 км) и Миравци- Смоквица (12 км), инвестиција од 7 милиони евра.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави и 150 вагони од различни типови за товарен превоз во вкупна инвестиција од 15 милиони евра, а завршена е и набавката на 6 нови патнички возови од кои 4 се дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни гарнитури. Оваа инвестиција има вкупна вредност од 25 милиони евра.
Во тек е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце во должина од 30,8 км (инвестиција од 39,8 милиони евра), во тек е тендерот за изградба на нова пруга од Бељаковце до Крива Пaланка во должина од 32 км и проценета инвестиција од 147 милиони евра.
Во тек се и проектирањето за изградба на нова пруга од Крива Паланка до граница со Р. Бугарија, проектирањето за изградба на нова пруга од Кичево до граница со Р. Албанија, како и ремонтот на делницата Ногаевци до Неготино во должина од 31 км и инвестиција од 9,3 милиони евра.
Меѓу другите проекти на кои работи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се и рехабилитацијата и надградбата на железничката станица во Скопје во чии рамки годинава ќе се изврши модернизација на системите за сигнализација и информирање во вкупна инвестиција од околу 2.6 милиони евра.
Се работи и на реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10. Завршени се Велес, Демир Капија, Градско, Прилеп, Табановце и Неготино, а се работи на Битола, Гевгелија, Богомила и Чашка. Во тек е и набавката на 3 нови локомотиви, во вредност од 7 милиони евра.
СДСМ е партијата која за железницата не мрдна со прст, освен кога требаше да се украдат парите за никогаш направената пруга кон Бугарија. Тоа не им претставува проблем да пласираат манипулации и да најавуваат проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги реализира. Паничниот страв од соочување со казната од граѓаните за сета деструктивност и создадени кризи за СДСМ е реален и оправдан. За нивна несреќа, бегање од казната на народот нема.Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни проекти и ветувања кои се реализир

Пронајдете не на следниве мрежи: