ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи по двојни аршини, а денеска даде најдобар пример за тоа

Специјалното јавно обвинителство денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради Црквата Свети Константин и Елена.
Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра. Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат штетите од милиони евра предизвикани од вандалите на платеничката револуција.
Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат повиците на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Радмила Шекеринска и нивната поддршка во палењето, демолирањето, ограбувањето и уништувањето на институции и културно историски споменици при вандалското однесување на членовите на платеничката револуција.
Фатиме Фетаи и Катица Јанева имаат само една цел. Се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. Фатиме Фетаи и Катица Јанева не го познаваат ВМРО. ВМРО издржало многу покритични напади од нивните. ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: