ВНИМАВАЈТЕ: Се шири најопасниот Android вирус досега!

Познати весници како New York Times ги предупредуваат читателите да бидат екстремно внимателни, бидејќи во јавноста се појави нов и опасен вид на вирус за Android оперативниот систем. Да погледнеме за што станува збор…Вирусот има потекло од Windows оперативниот систем, каде што најчесто е познат под името CryptoLocker.  Вирусот (наречен ransomware) се инсталира на вашиот компјутер, ги енкриптира сите ваши податоци и потоа бара одредена сума на пари (откуп) за да ги добиете назад. Бидејќи станува збор за енкрипција, дури и да го преинсталирате оперативниот систем и да го ставите хард-дискот на друг компјутер, нема да ви помогне во отстранување или премостување на истата.
Овој месец, слична верзија се појави и за мобилните уреди со Android оперативен систем. Според статистиките, над 30,000 уреди веќе се заразени со овој вид на вирус. Мобилната верзија е малку поинаква, со тоа што на екранот ви се појавува порака дека „го кршите законот и заради тоа телефонот ви е заклучен“, па морате да платите неколку стотици долари за да добиете пристап до него.
Повеќе на: GSM.mkВирусот има потекло од Windows оперативниот систем, каде што најчесто е познат под името CryptoLocker.  Вирусот (наречен ransomware) се инстал

Пронајдете не на следниве мрежи: