Во Јапонија склучен договор за соработка помеѓу Институтот за наука и технологија од Нара и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Во Јапонија склучен договор за соработка помеѓу Институтот за наука и технологија од Нара и Универзитетот „Св. Апостол Павле“Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара денеска потпишаа договор за соработка помеѓу двете институции. Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти.- Институтот за наука и технологија од Нара е помеѓу водечките високообразовни институции во Јапонија со силен фокус врз истражувачката работа и импресивни резултати во остварувањето на приходи од продажба на патенти. Меѓународната соработка и поттикнувањето на истражувачката работа заземаат централно место во рамките на мојата програма, оттука сметам дека соработката со Институтот за наука и технологија од Нара нуди големи потенцијали и јас искрено сè надевам дека истите ќе ги искористиме на најдобар можен начин во интерес на развој и подигање на реномето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – истакна ректорот Марина.Покрај склучувањето на договорот за соработка, во рамките на неколкудневниот престој, ректорот Марина ќе одржи повеќе предавање и ќе има можност одблиску да се запознае со структурата, истражувачките капацитети и актуелните научни проекти на Институтот за наука и технологија од Нара.  Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот

Пронајдете не на следниве мрежи: