Во Македонија платите се сè повисоки

23.457 денари – ова според Државниот завод за статистика е просечната месечна нето – плата во Македонија. Податоците се за декември, а ако се направи споредба со истиот месец од претходната година, може да се заклучи дека месечната нето – плата се зголемила за 3,3%, пишува Лидер.Заводот за статистика објаснува дека растот се должи на повисоките плати во секторите: уметност, забава и рекреација, информатичко – комуникацискиот сектор, стручните, научни и технички дејности, градежништвото. Во истиот овој период, просечната исплатена бруто – плата изнесувала 34 илјади 374 денари.
Синдикатот ќе притиска за повисоки плати
Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека има простор за зголемување на платите на работниците и ова прашање ќе се отвори со социјалните партнери. Во прв план ќе се разговара за зголемување на минималната плата, за стратегијата за повисоки примања на работниците, економски раст, но и за елиминирање на разликите и нееднаквоста.
„Нашата анализа покажува дека има простор и можности за зголемување на минималната плата. Според нашата проценка, минималната плата треба да биде зголемена, бидејќи ако се земе предвид синдикалната потрошувачка кошница, 41 процент од минималната плата се давачки за храна. Затоа треба да почнеме процес на преговори со социјалните партнери, со вклучување на државата, да се утврди рационална минимална плата, а тоа значи издржлива за оние што ја плаќаат, а максимално поголема за нас “ – вели претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Според последните податоци на ССМ за декември, синдикалната минимална кошница изнесува 32 илјади 102 денара. Од нив, 13 илјади и 175 денари (41%) одат за храна и пијалаци, а 10 илјади 455 денари (32,5%) за домување.
„Нашата идеја не е да разговараме само за минималната плата, туку воопшто да разговараме за платите во Македонија“ – вели Митрески.
Ова прашање ќе се отвори и на економско – социјалниот совет.
„За објективно зголемување на висината на платата влијаат повеќе параметри, но клучно е дека во рамките на социјалниот дијалог е потребно да има развиена свест, како и да има економска основа за да може да се зголемуваат платите“ – објаснува универзитетскиот професор Лазар Јовевски.
Платите растат, невработеноста се намалува
Платите во Македонија се зголемуваат, пред сè како резултат на фактот што се намалува невработеноста и се создава поголем притисок на пазарот на трудот. Ова дејствува во насока повеќе да се вреднува трудот на работникот. Активните мерки за вработување, проектот „Македонија вработува“ и политиката на привлекување странски инвестиции придонесе стапката на невработеност да се спушти на историски најниски 23,4 проценти.
„Невработеноста се намалува, а тоа предизвикува раст на платите, коишто во изминатите години се покачија за над 65%“ – вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Дополнително, со новиот Оперативен план е предвидено да се отворат нови 10 илјади работни места.
„Очекуваме дополнително намалување на невработеноста, која наредната година планираме да изнесува под 22 процента, а до 2020 година да се намали на 17 до 18 проценти“ – вели Пешевски.
Економистите велат дека е потребна здрава економска основа за понатамошен раст на платите.
„За да ја гледаме платата како мотор за засилување на економскиот раст, мора да размислуваме како да ги охрабриме претприемачите да инвестираат, да создадат нови работни места, тие нови работни места и нивната продуктивност ќе генерираат повисоки плати кои ќе влијаат позитивно и врз штедењето“ – вели универзитетскиот професор Предраг Трпески.
Каде се делат највисоки плати?
Последните податоци на Државниот завод за статистика се можност да се анализираат податоците за исплатените плати за цела 2016 година, што дава и појасна слика за движењата во различни сектори во економијата.
Најголема просечна месечна нето – плата по вработен во 2016 година се делела во секторите: воздухопловен транспорт (49.984 денари), компјутерско програмирање,  консултантски и други сродни дејности (49.505 денари), спортски, забавни и рекреативни дејности (44.103 денари), производство на основни фармацевтски производи и препарати (42.339 денари), телекомуникации (40.969 денари), правни и сметководствени работи (40.172 денара), финансиски дејности и осигурување (39.701 денар), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (37.225 денари).
Најниска плата, пак, земаат вработените во секторите: рибарство и аквакултура (11.657 денари). Просекот во преработувачката индустрија е 17.096 денари (само 11.656 денари кај производителите на кожа), а во те поврзани со подготовка и служење храна се земаат плати од 13.851 денар.
ЕУ: најлоша Бугарија, најдобар Луксембург
Сликата во Европската унија е многу шарена кога е во прашање минималната плата. Се движи од 235 евра во Бугарија до 1.999 во Луксембург.
Во групата земји со минимална плата пониска од 500 евра се: Бугарија, Романија, Латвија, Литванија, Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Полска и Естонија. На дното е Бугарија, а Естонија ја предводи оваа група со минималец од 470 евра.
Во втората група  (од 500 до 1.000 евра) влегуваат: Португалија (650 евра), Грција, Малта, Словенија и Шпанија (826 евра).
Третата група земји се оние со минималец над 1.000 евра, а тука се Велика Британија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Ирска, Луксембург. Минималната плата во Британија е 1.397 евра, Луксембург е на прво место со речиси 2 илјади евра.
Европските статистичари пресметале дека минималецот во САД изнесува 1.192 евра, па оваа земја би била во третата група, додека сите кандидатки за членство во ЕУ спаѓаат во првата група. На дното е Албанија со 155 евра, на врвот Турција со 479 евра. Минималната плата во Македонија изнесува 10 илјади и 80 денари (164 евра).Заводот за статистика објаснува дека растот се должи на повисоките плати во секторите: уметност, забава и рекреација, информатичко – комуника

Пронајдете не на следниве мрежи: