Во морето кај Херцег Нови, пронајдено е нешто од што ЌЕ ВЕ ПОЛАЗАТ МОРНИЦИ

Во морето кај Херцег Нови се уште има неексплодирани авионски бомби со хидростатски запалки, кои поради поместувањето од секоја промена на длабочината, може да се активираат, пренесуваат медиумите од регионот. Нуркачот и истражувач Драган Гачевиќ, ја предупреди јавноста пред 5 години дека помеѓу херцеговскиот мол и Караточ на длабочина од 16 до 18 метри се наоѓаат десетина неексплодирани авионски бомби.
Овие убојни средства имаат таканаречена хидростатска запалка и со секоја промена на длабочината како резултат на поместувањето можат да експлодираат.
Гачевиќ, односно неговиот нуркачки центар „Марина“ за овој допис го известил Секторот за вонредни ситуации и полицијата на Херцег Нови, но тогаш биле обвинети дека ја саботираат туристичката сезона.
Експлозивните средства се пронајдени во јуни, а со таквото обвинување приказната е брзо заташкана и бомбите останале таму каде што се и денес, наведува „Vjesti“.
Гачевиќ стапил во контакт со американскиот амбасадор во Подгорица, а САД го финансирале подводното деминирање во Бока Которскиот залив.
Заменикот на шефот на мисијата на американската амбасада во Подгорица, Даглас Џоунс заедно со нуркачите на центарот „Марина“ нуркал и се уверил во тврдењето за бомбите, вели Гачевиќ.

 

Ова е само едно од десетината места на кои членовите на истражувачкиот тим на нуркачи од клубот „Марина“ пронашле поголеми количини на бомби, гранати и мини, во главно заостанати од Првата и Втората светска војна.
Кај островот Мамула на влезот во Бока Которска пронашле сидрена мина тешка околу 150 килограми и ракетна бомба, а во текот на нуркањето наоѓале мини и на само 4 метри длабочина.
Интересно е дека според Конвенцијата на УНЕСКО која Црна Гора ја ратификуваше, се што се наоѓа во водата, а е постаро од еден век, припаѓа во културно наследство. Нуркачот и истражувач Драган Гачевиќ, ја предупреди јавноста пред 5 години дека помеѓу херцеговскиот мол и Караточ на длабочина од 16 до 18 метри с

Пронајдете не на следниве мрежи: