Во националниот тим нема место за најдобриот фудбалер од домашното првенство

Дејан Блажевски, популарниот „Шиле“, е несомнено најдобриот играч од домашниот шампионат, но за него, очигледно дека нема место во националниот тим.Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски повторно не го повика Дејан Блажевски во составот на нашата селекција за натпреварите со Велс и Шкотска.
Од засега неразбирливи причини, фудбалерот на Турново не добива вистинска прилика за докажување на својот раскошен фудбалски квалитет во нашата национална репрезентација.
На мечот со Вардар, во рамките од четвртото коло од домашниот шампионат, Дејан Блажевски се покажа во блескаво издание и го предводеше својот тим до победа од 2-0 против скопскиот тим.
Турново во ПМФЛ гази се пред себе, па по четири кола се наоѓа на челната позиција која ја дели со штипска Брегалница.
Интересен е понатамошниот расплет со Дејан Блажевски…
Дејан Блажевски беше повикан за пријателскиот натпревар со Словенија, каде победивме со резултат 3-2. Шанса за настап доби во 76-тата минута од мечот, каде го замени стрелецот и асистент на погодок, Адис Јаховиќ. Популарниот „Шиле“ за само 18 минути игра даде дознаење дека има што да покаже за нашиот национален состав.
Се чини дека Блажевски вратата од репрезентацијата ја отвори на пријателскиот натпревар со Полска, каде настапивме со играчи од домашното првенство, токму Дејан Блажевски беше најдобар во нашиот состав на овој натпревар, па од високиот пораз од 4-1, секако дека само тој се издвои во одлично светло, токму тој го постигна единствениот погодок на мечот кој само го ублажи поразот за жал, и ништо повеќе.
Интересно, и покрај овој одличен натпревар за Блажевски, селекторот на нашата репрезентација, го повикува за натпреварот со Данска, каде го добивме со резултат 3-0, но, и покрај високото водство на нашиот тим, нашиот селектор не му дава прилика на Блажевски ниту минута да помине на теренот.
Понатаму следат уште поинтересни факти поврзани со Дејан Блажевски и националниот тим…
Следи поразот на нашата национална селекција од Белгија на домашен терен со 0-2, Блажевски е повикан, но остана на клупата.
Понатаму, следи поразот на нашата селекција повторно од Белгија, овој пат на гостински терен, со минимално, 1-0, Блажевски е повикан, но не добива шанса за настап.
И, она што е најинтересно, ајде, ќе ги тргнеме настрана пријателските натпревари со Шведска и Норвешка, каде исто така беа неуспешни.
Но, неповикувањето на Дејан Блажевски во националниот тим за пријателскиот натпревар со Бугарија се чини дека беше „капак“ на се. И покрај тоа што се наоѓаше во инзонредна форма по одличниот успех во Лига Европа, па и во домашниот шампионат, популарниот „Шиле“ повторно остана на немилост кај нашиот селектор, од засега неразбирливи причини…Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски повторно не го повика Дејан Блажевски во составот

Пронајдете не на следниве мрежи: