Во првите 5 месеци од годинава се извршени вкупно 441 инспекциски надзор

Дека нема да биде дозволено отстапување од договореното при закуп на земјоделско земјиште потврдуваат најновите податоци на Државниот инсекторат за земјоделство.Во првите пет месеци од годинава во однос на постапувањето по Законот за земјоделско земјиште  се извршени вкупно 441 инспекциски надзори. Во однос на преземените мерки се изречени 53 решенија, 16 едукации, 22 порамнувања, едно  барање за поведување на прекршочна постапка и е поднесена една  кривична пријава.
Поради непочитување на обврските од склучените договори за закуп, како и непочитување на одредбите од законот за земјоделското земјиште во овој период до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставени 12 предлози за раскинување на договорите за површина од околу 279 ха, 38 ари и  49 м2.
За споредба, во текот на 2015 година од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се извршени вкупно 1368 инспекциски надзори по Законот за земјоделско земјиште. Откако е утврдена состојбата се преземени повеќе мерки и тоа: 117 решенија, 55 едукации, 43 порамнувања, 16 барања за поведување на  прекршочна постапка и поднесени се две кривични пријави.
Поради непочитување на обврските од склучените договори за закуп, како и непочитување на одредбите од Законот за земјоделското земјиште во 2015 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доставени се 28 предлози за раскинување на договорите за површина од околу 385 ха,  68 ари  и 15 м2.
Државниот инсекторат за земјоделство во рамките на своите законски надлежности континуирано ја следи состојбата со земјоделското земјиште и исполнувањето на договорите за закуп на земјоделско земјиште со цел да бидат исклучени девијантни појави.Во првите пет месеци од годинава во однос на постапувањето по Законот за земјоделско земјиште  се извршени вкупно 441 инспекциски на

Пронајдете не на следниве мрежи: