Во САД одекна веста дека научниците за прв пат излекуваа бебе кое било родено со ХИВ, кој предизвикува СИДА.
Тие велат дека се работи за „функционално“, а не потполно лечење, што е важна разлика, бидејќи вирусот не е потполно отстранет туку е смален на ниво да може организмот да го контролира без потреба за стандардна терапија на лекување.
Пациентот е 2,5 месечно бебе од САД.
Девојчето не добило ништо посложено од обичните антивирусни лекови. Разликата единствено била во дозата и времето: терапијата започнала неколку часа после нејзиното раѓање.
Таквиот вид на агресивно лечење веројатно доведе до „функционално лекување“, изјавија истражувачите во неделата на 20 – годишнината од Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Атланта.
Она што истражувачите го нарекуват „заспиени клетки“ заразени со ХИВ многупати повторно се активираат во рок од неколку недели после прекинувањето на антивирусната терапија, па заразените мораат да пијат лекови до крајот на животот за да се спречи напредувањето на болеста.
„Брзата антивирусна терапија кај новороденчињата која почнува неколку часа после заразувањето може да му помогне на бебето да се избори со вирусот без лекување до крајот на животот спречувајќи формирање на заспиени заразени клетки“, изјави Дебора Персо од детеската клиника Џонс Хопкинс во Балтимор, пренесува АТП.
Бебето било заразено од ХИВ преку својата мајка, а нејзиното лечење започнало уште пред да стигнат резултатите дека и нејзиното бебе е заразено.
Секојдневната процедура е на новороденчињата да им се даваат мали дози на антивирусни лекови додека резултатите од ХИВ тестот не стигнат, а тогаш бебето веќе има шест недели.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Во САД одекна веста дека научниците за прв пат излекуваа бебе кое било родено со ХИВ, кој предизвикува СИДА.