Шериф Куаши, еден од двајцата браќа џихадисти, одговорни за нападот врз редакцијата на парискиот сатиричен недленик „Шарли ебдо“, кои беа убиени во акција на полицијата, е погребан во предградие на Париз, под зајакнато полициско обезбедување, изјави градоначалникот на гратчето Женвилије. Тој истакна дека Куаши е погребан синоќа кусо пред полноќ на гробиштата во Женвилије, гратче во предградието на Париз, во кое живеел.
Никој од роднините не присустувал на погребот, а гробот е необележан, со цел да не стане место на аџилак за исламистите, додаде градоначалникот.
Неговиот брат и соучесник во масакрот од 7 јануари, Саид е погребан во петокот во градот Ремсу во источна Франција, каде живеел околу две години. Погребот беше извршен под зајакнато полциско обезбедување со присуство на неколумина членови на семејството, а неговиот гроб исто така не е обележан.
Во нападот врз „Шарли ебдо“ двајцата вооружени исламисти, браќата Шериф (32) и Саид (34) Куаши убија 12 лица, меѓу кои некои од најпознатите карикатуристи во Франција, додека 11 лица беа ранети. Тој истакна дека Куаши е погребан синоќа кусо пред полноќ на гробиштата во Женвилије, гратче во предградието на Париз, во кое живеел.