ВОНЗЕМЈАНИТЕ ПОСТОЈАТ: Мислевте дека за живот им е потребна вода но грешите, потребно им е САМО ОВА

Се покажа дека она што за нас е водата на Земјата, за вонземјаните може да биде јаглерод – диоксид, кој има својства и течности и гас.Веќе со години, се води полемика за тоа дали е можно да има живот надвор од нашата планета и дали воопшто постои интелигентен облик на  живот во друг агол на Космосот. Научниците неодамна дојдоа до, може да се каже, епохално откритие кое во голема мера одговара на ова прашање.
Поточно, утвдено е дека она што за нас е Земјината вода, за вонземјаните може да биде јаглерод диоксид, кој има својства и течности и гас. Познат како „зелен гас“, кој ја фаќа и чува топлината и го ја загрева планетата, а го исфрлаат животните и го користат билките  во процесот на фотосинтеза. Иако може да биде во цврста, течна и гасовита состојба, кога „ќе продре“ одредена температура (31 степен целзиусов и притисок 73 пати поголем од атмосферскиот притисок на Земјата на морско ниво) јаглерод –диоксидот  влегува во т.н. “суперкритична” состојба, кога има својства и течности и гас.

 

Со оглед на тоа колку е “суперкритичниот” јаглерод диоксид се разликува од стандардниот јаглерод диоксид, научниците почнаа да разгледуваат  дали е како таков и во таа изменета состојба погоден некаде да обезбеди и да создаде услови за живот. Исто така, некои ензими се постабилни во “суперкритичниот” јаглерод диоксид, но и некои бактерии се потолерантни и повеќе активни во него. Сето тоа помогна да се донесе теза дека животот е можен во реони каде овој јаглерод- диоксид го има во изобилство.
Што се однесува до другите планети, научниците велат дека Венера е исклучително богата со јаглерод диоксид. Научниците веруваат дека други форми на живот постоеле на планетата, пред толку многу да се доближи до сонцето и да ги загуби своите океани.
Иако со сигурност не може да се тврди дека животот би бил можен без вода, научниците веруваат дека јаглерод диоксидот е одличен терен за појава на некои нови форми на живот, и постојат добри причини да се изнесе хипотезата дека животот во една ваква средина е можен.Веќе со години, се води полемика за тоа дали е можно да има живот надвор од нашата планета и дали воопшто постои интелигентен облик на  живот

Пронајдете не на следниве мрежи: