Вујошевиќ: Во Скопје треба да ја потврдиме добрата форма

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота во претпоследното коло во Јадранската лига ќе го пречекаа белградски Партизан, најтрофејниот тим во ова натпреварување. МЗТ, кој ја игра својата дебитантска сезона во лигата, во досегашниот тек забележа 12 победи и исто толку порази, Партизан од друга страна се бори за пласман на завршниот турнир, ’црно белите’ заедно со Раднички и Будуќност има скор од 15 победи и девет порази. Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, очекува неговата екипа во Скопје да ја потврди добрата форма во која се наоѓа во изминатите неколку натпревари. „Се ближи крајот и расплетот на лигашкиот дел од сезоната, сите натпревари се од голема важност. МЗТ е добар тим со одличен тренер. Верувам дека против нас, како и сите останати, ќе се обидат да одиграат најдобро. Ние во последно време ја подигнавме формата и очекувам дека тоа ќе го покажеме во Скопје“, изјавил Вујошевиќ за Б92. Игра на победа и потврда на добрата форма најавил и плејмејкерот на Партизан, Немања Гордиќ. „Скопје е едно од најтешките гостувања во Јадранската лига. МЗТ има добар и искусен состав и на домашен терен игра одлично. Знаеме дека ќе имаат огромен мотив, но мотив за победа имаме и ние, сакаме да ја продолжиме победничката серија“, изјавил репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Натпреварот од 25.коло во АБА лигата, помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Партизан ќе се одигра во сабота во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота во претпоследното коло во Јадранската лига ќе го пречекаа белградски Пар

Пронајдете не на следниве мрежи: