За мечот со Бугарија “не беше во форма“, сега е повикан дека одигра 18 минути фудбалски натпревар?!

Селекторот на Македонската национална фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, по катастрофалното издание на средниот ред од мечот со Бугарија, се одлучи да ја исправи грешката, па повторно да го повика во националниот тим, Дарко Тасевски.Образложението на селекторот Јаневски за неповикувањето на Тасевски за дуелот со Бугарија беше дека Тасевски не бил во форма, првенството во Израел сеуште не било започнато. Тоа негово образложение ние го анализиравме и дојдовме до заклучок дека претходно играчи што ги „грееле“ клупите, биле во почетните состави на нашата фудбалска селекција, фудбалери што воопшто не биле ниту на клупите во своите тимови на натпреварите, биле дел од почетните состави, па така целото образложение на селекторот фрли огромна прашина.
Токму средниот ред, каде игра Дарко Тасевски, не беше на своето ниво за пријателскиот натпревар со Бугарија, да не направеше селекторот рокади во средниот ред, каде од крилната позиција, во организатор на играта го постави Ибраими кој функционираше одлично со Давид Бабунски, ова ќе беше уште една бламажа на нашата селекција и се поблиску до фамозната 100-тка на ФИФА ранг листата.
Селекторот Јаневски до пред точно две недели го даде тоа образложение. Но, еве ја и другата страна на реалноста…
Израелски Ирони Кирјат, каде настапува Дарко Тасевски, од мечот со Бугарија, до ден денес, одигра само еден натпревар. Пред три дена започна првата фудбалска лига во Израел, а уште во првото коло тимот на Тасевски му гостуваше на силниот тим на Макаби Хаифа, каде загуби со резултат 3-1.
Она што е интересно, Дарко Тасевски за овој натпревар не беше стартер, туку беше на клупата кај гостинската екипа. Шанса за настап доби дури во 72-рата минута, кога го замени играчот од средниот ред Брун при резултат 2-1 за домаќините.
Се поставува прашањето, зошто беше такво образложението на селекторот Јаневски за неповикувањето на Тасевски, и дали со одиграни 18 минутен фудбал, нашиот селектор сега смета дека Дарко Тасевски е во форма?!Образложението на селекторот Јаневски за неповикувањето на Тасевски за дуелот со Бугарија беше дека Тасевски не бил во

Пронајдете не на следниве мрежи: