Заев се премисли: СДСМ не ги признава само гласовите дадени за Иванов и ВМРО ДПМНЕ!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев после порспиената пост-изборна ноќ повторно застана на говорницата од која синоќа најави можност за вонпарламентарно делување и бојкот на парламентотПретседателот на СДСМ Зоран Заев после порспиената пост-изборна ноќ повторно застана на говорницата од која синоќа најави можност за вонпарламентарно делување и бојкот на парламентот. Утринава беше посвеж, потрезвен и видно порадосен откако очигледно беше смислил одличен план за разврска на претседателските и парламентарните избори:

 
„Почитувани дами и господини, после целоноќното размислувајне и аналитика, неколку партии јамб и не лути се човече, 4-5 кафијна и по една мастика за циркулација, раководстовот на СДСМ одлуче дека нема во целост да ги непризнаејме резултатете од овија изборе бидејќи оичгледно во оваа недемократска и тоталитарна речиси фашистичка диктатура, 398.008 граѓани успеале да гласаат слободно и да го својот глас дадат за кандидатот на СДСМ за претседател… как се викаше де, мале… Стево, да. Не е важно саа неговото име туку деке е кандидат на СДСМ, да се разберејме“, рече Заев.
 
„Така да ние ги признаваме гласовите кои се дадени на Стевчето како и оние кои се гласували за СДСМ на парламентарните избори а това се на број 283.869 гласачи шо е за 114.139 гласачи помалку од оние кои са гласували за Стевчето шо е уште еден доказ дека власта ни е украдила повеќе од 114 илјади гласове“, продолжи Заев и додаде:
„Очигледно е дека власта и нивните режимски механизми сакале само да не збунуват за да се создаде слика дека Стевчето ужива поголема поддршка од СДСМ што не е точно. Па гледејте, тие за тава да е реално дури и му организирале на Иванов 534-ри гласове, за да не се примете криминало со крадењето на овие 114 илјади гласове на СДСМ шо са највоочливи со проста математика“, е ставот на претседателот на СДСМ.
„И затова ние ги признавајме 398.008 гласачи и за Стево и за СДСМ затова што не може да биде поинаку, е как да биде поинаку а? Тие луѓе шо гласале за Стево нема как да не се гласували за нас! А нема да ги признавајме гласовете на ВМРО бидејќи крадат, лажат, имаат вошки и спијат на таван, а на тавано нема тушеве па како ќе доваѓат во парламент како крадци и нетуширани. Е сeга ако признат дека се крадели, ќе се сложеме да им признаеме 4-5 пратеници колку да се одмореме ние каа ќе лафејме на говорницата со по некој контраш. Инаку дури не признаат дека се краделе, според нас во парламенто сме само ние, Дуи, Дпа, Ндп со еден пратеник и една птица луталица која има некаква партија која никој не ја знае. Ако не не примат во парламенто, ќе си направејме нов, еми шо да не, еден Глобален Парламент, така ќе се виќе“, заврши со своето обраќање лидерот Заев, ставајќи го палецот од десната рака во уста, едновремено дигајќи ја левата со тупаница во воздух – симболизирајќи ја новата политичка пролет во Македонија.
Кромиди Запад
Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна. 
извор:Република.мкПретседателот на СДСМ Зоран Заев после порспиената пост-изборна ноќ повторно застана на говорницата од која синоќа најави можност за вонпарламентар

Пронајдете не на следниве мрежи: