ЖАК ДЕ МОЛЕЈ ПОСЛЕДНИОТ ГОЛЕМ МАЈСТОР НА ТЕМПЛАРИТЕ

Жак де Молеј (француски: Jacques de Molay; 1244-5/1249-50  13 март 1314) – 23-тиот и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312.Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иго де Пајен (1070-1136).Жак де Молеј (француски: Jacques de Molay; 1244-5/1249-50  18 март 1314) – 23-тиот и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312.Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иго де Пајен (1070-1136).Жак де Молеј се родил во мало благородничко семејство, во селото Моле, во провинцијата Горна Сона, во малото гратче Витри су Манс, на границата со Горна Марна, во Франш-Конте, Бургундија, каде многумина биле темплари. 
Де Молеј бил примен во редот во 1265 година во Бон од страна на Хумбер де Паиро, кој бил задолжен за посетителите од Франција и Англија. Во вакви околности бил присутен Амори де ла Рок, мајстор во Франција, и голем пријател на кралот Луј IX. Независно од Гијом де Божоа, кој бил избран за Голем мајстор во 1273, Жак де Моле заминал на исток околу 1270 година. Целиот свој живот како темплар го поминал на исток, но се знае дека во 1285 бил во Франција. Не се познати позициите кои биле заземени. Тој се наоѓал или во Франција, или на истокот, при опсадата на Акра, последната тврдина, која била освоена од опсадата предводена од Мамелуците.
По падот на Арка во 1291, Франките биле принудени да се повлечат на Кипар, што придонело за исчезнување на Ерусалимското кралство. Истото го сториле и темпларите, меѓу кои биле и Жак де Молеј и Теобалд Годен, дваесет и вториот Голем мајстор. За време на состанокот одржан на островот, есента 1291, де Молеј се изјаснил и се посочил како реформатор на редот. Годен умрел околу 1292, препуштајќи му го раководењето со редот на де Молеј, бидејќи немало други сериозни кандидати за преземање на лидерската позиција.
Штом бил избран, брзата поделба на командата значела најпрвин справување со најважните проблеми. И Кипар и Киликиското кралство биле загрозени од нападите на Мамелуците. Пролетта 1293 година, де Молеј тргнал на пат на запад за да се обиде да добие што е можно поголема поддршка за повторно ослободување на Светата земја. Неговата цел била да се засили одбраната на Кипар, и да се вооружат темпларите. И покрај тоа, европската поддршка на крстоносните војни сосема опаднала, па се споменувало и соединување на витешкиот ред на темпларите со витешкиот ред на болничарите. Големите мајстори на обата реда биле против соединувањето, но притисокот доаѓал од папата.
Де Молеј одржал две големи советувања во Монпеље во 1293 и во Арл во 1296 година, каде што се обидел да спроведе реформи. Тој исто така развил и добри односи со европските водачи, како папата Бонифациj VIII, англискиот крал Едвард I, Хајме I Арагонски и Карло II Неаполски.
Есента 1296 година, де Моле се вратил назад во Кипар за да го заштити редот од интересите на Хенри II. Овој конфликт бил започнат уште во времето на Гијом де Божоа.
Од 1299 до 1303 година, де Молеј ја промовирал алијансата со Монголите против Мамелуците. Планот бил да се координираат акции помеѓу христијанските витешки редови, кралот на Кипар, кипарската аристократија и Ерменија и Монголите од Илканат.
Во 1298 или 1299 година, Жак де Молеј ја задржал мамелучката инвазија со помош на силите во Ерменија. И покрај тоа, кога монголскиот кан во Персија,Газан, ги поразил Мамелуците во битката кај Вади ал Казандар во декември 1299, христијанските сили не биле подготвени да се снајдат во настанатата ситуација и да ја преземат предноста.
Во 1300 година, Жак де Молеј придружуван од силите од Кипар формирал флота од 16 бродови, што подготвувала напади на египетскиот и сиријскиот брег. Силите биле предводени од кипарскиот крал Хенри II Ерусалимски, придружуван од неговиот брат, Амалрик, водачите на витешките редови и амбасадорот на монголскиот кан Газан. Бродовите пристигнале во Фамагуста на 20 јули 1300 година, со цел да ги нападнат бреговите на Египет и Сирија: Розета,Александрија, Акра, Тортоза и Мараклеа пред враќањето на Кипар.Нападаите биле предводени од адмиралот Бодоа де Пикгвињ. Кога нападите го затекнале градот Александрија, имало можност да се ослободат христијански затвореници, што биле заробени уште со падот на Акра во 1291 година.
Бродовите тогаш се вратиле во Кипар и се подготвувале за напад на Тортоза во 1300 година. Де Молеј и Кипарците испратиле здружени сили на островот Руад кој служел како попатна станица, и од кој биле подготвувани нападите за Тортоза. Намерата била да се создаде мостобран и да се почека помошта од Монголите, но Монголите не се појавиле. Истото се случило и во 1301 и 1302 година. Во септември 1302, темпларите биле потиснати од Руад по нападот од мамелучките сили од Египет, и многумина биле масакрирани и заробени на островот. Островот Руад бил загубен во опсадата на Руад на 26 септември 1302 година. Кога Газан умрел, во 1304, сонот на Жак де Молеј за брзо повратување на Светата земја станал неостварлив.
Во 1305 година, новоизбраниот папа Климент V ги прашал водачите на вооружените витешки редови за мислење по однос на прашањето за организирање на нова крстоносна војна и соединување на редовите. Од Жак де Молеј било побарано да напише два меморандума, по еден за изданијата кои ги издал во текот на летото 1306 година. На 6 јуни, водачите официјално побарале да дојдат во Поатје, каде што било седиштето на папата, за да поразговараат за работите. Состанокот во Поатје бил одложен, бидејќи папата се разболел, без за тоа да знае де Молеј, кој штотуку пристигнал од Кипар, околу 15 октомври. Де Молеј пристигнал во Франција кон крајот на ноември или почетокот на декември, но ништо не е познато за неговите активности во првите 5 месеци од 1307 година. Во втората половина на мај 1307 година, тој бил во Поатје, придружувајќи се на состанокот на папата. Тој влегол во конфликт со кралот Филип, бидејќи одбил двата реда да бидат соединети во еден предводен од кралот (Rex Bellator, воинствен крал). Ова го отежнало проблемот на папата со кралот, којшто сакал да му ги препише сите трошоци на папата Бонифациј VIII. По ова, обидот за организирање на нова крстоносна војна останал без успех. Овие конфликти го ослабеле витешкиот ред на темпларите со нешто што било многу сериозно. За време на своето патување низ Франција, Жак де Молеј открил противења и озборувања против темпларите, па овие слабости излегле на површина. Кралот со своите помошници, меѓу кои и Гијом де Ногарет ги искористиле овие слабости.
На 24 јуни 1307 година, Жак де Молеј разговарал со кралот за обвинението против неговиот ред и делумно го разубедил. По враќањето во Поатје, тој го замолил папата да спроведе истрага и да го ослободи редот од озборувањата и обвиненијата кои го опкружувале. Кога папата соопштил дека истрагата е закажана за 24 август, кралот реагирал девијантно. На 14 септември, во потполна тајност, тој испратил наредба низ цела Франција, темпларите да се апсат, а нивните имоти да се одземаат, што се случило на 13 октомври 1307 година, ден петок. Жак де Молеј бил уапсен во Париз, додека планирал да оди на погребот на Катерина од Валоа.
а испрашувањето спроведено од кралските пратеници на 24 октомври, Жак признал дека иницирал ритуали, вклучувајќи и „одрекување од христијанството и газење на крстот“. Тој исто така бил принуден да напише и писмо со кое бара од секој темплар да се придржува на неговата изјава. Под притисок на кралот Филип IV убавиот, на 22 ноември, папата Климент V ја издал булата Pastoralis Praeeminentiae со која барал да се апсат темпларите насекаде.
Папата сѐ уште сакал да ја чуе приказната лично од Жак де Молеј, и испратил 2 кардинала во Париз, во декември 1307 година. Пред кардиналите, де Молеј ги потврдил своите претходни искази. Силната борба меѓу папата и кралот продолжила, сѐ до август 1308 година, кога кралот и папата се согласиле за пресудата. Со издавањето на булата Fasciens misericordiam, постапката за прогонување на темпларите била поднесена до двојна комисија, од која, првата комисија пресудувала за поединците во редот, а втората за редот како ентитет. Ова значело, дека комисијата со седиште во Виена била задолжена да одлучи за иднината на редот на храмот, додека темпларите, меѓу кои и Жак де Молеј биле под надлежност на папата. Во кралската палата во Шинон, Жак де Молеј бил повторно испрашуван од кардиналите, но овој пат со присуство на кралски пратеници. Тој и понатаму се придржувал на признавањата од 1307 година. Во ноември 1309 година, папската комисија за Кралството Франција започнала со сослушувањето, на кое Жак де Молеј повторно се спротивставил, тврдејќи дека не ги признава обвиненијата против неговиот ред.
Сите понатамошни противења на темпларите биле невозможни, откако надбискупот од Сен, Филип де Марињ, наредил 54 темплари да бидат запалени на клада од 10-12 мај 1310 година. На советувањето на советот во Виена на 22 март 1312 година, редот бил укинат со издавањето на булата Vox in excelso. Жак де Молеј, заедно со Годфруа де Шарнеј, Иг де Перо и Годфруа де Гонвиј останале во затвор, во исчекување на конечната одлука на папата. На крајот на декември 1313 година, папата одлучил да го свика Соборот и тој да одлучи за судбината на темпларите. Кардиналите наименувани од папата, повикале доктори по теологија и канонско право да одлучат по прашањето за судбината.Соборот конечно е одржан на 13 март 1314 година во Париз. Пред Соборот биле изнесени затворените темплари: Жак де Молеј, Годфруа де Шарнеј, прецептор на Нормандија, Иг де Перо, амбасадор на темпларите во Франција и Годфруа де Гонвиј, прецептор на Аквитанија и Поату.Обвинетите биле прогласени за виновни за ерес и им била пресудена доживотна затворска казна.Со помислата дека сѐ е загубено и дека повторно ќе се најде во затвор, Жак де Молеј се спротивставил извикувајќи дека темпларите се неивини. Во тоа му се придружил и Годфруа де Шарнеј, додека Годфруа де Гонвиј и Иг де Перо ја прифатиле пресудата. Кралот Филип наредил двајцата да бидат спалени на клада. Во предвечерјето, на 13 март 1314 година, Жак де Моле и Годфруа де Шарнеј биле однесени на островот Ил де ла Сите, на реката Сена во Париз, каде биле спалени на клада.
Се вели дека Жак де Молеј го проколнал кралот Филип IV Убавиот и неговите наследници, од кладата на којашто бил запален. Всушност, брзата смена и краткото владеење на претставниците на династијата Капети, на тројцата синови на Филип IV убавиот меѓу 1314 и 1328 година, водело до мислење дека династијата е проколната, а тие биле наречени „Проколнатите кралеви“ (Les Rois Maudits). Исто така, де Моле веројатно ги предизвикал кралот и папата да се сретнат пред Бога, пред крајот на годината, иако оваа приказна не е анализирана со ниту едно совремeno значење на извршувањето на спалувањето на Жак де Молеј. И кралот Филип и папата Климент умреле во истата таа 1314 година, како и де Моле. Триста години старата династија Капети го изгубила тронот во наредните 14 години. Овие настани се основа за „Проколнатите кралеви“, серија на историски романи од Морис Друон. Кралот Луј XVI бил потомок на Филип убавиот, по неговата внука, кралицата Жана II од Навара. Имено се смета дека клетвата го погодила и Луј XVI. На 21 јануари 1793 година, неколку моменти по неговото обезглавување, еден човек скокнал на платформата и со кренати раце извикал: „Жак де Молеј, сега си одмазден.
 Жак де Молеј (француски: Jacques de Molay; 1244-5/1249-50  18 март 1314) – 23-тиот и официјално

Пронајдете не на следниве мрежи: