Законот за заштита на сведоци според кој е осуден Кежаровски е предложен и изгласан од СДСМ

Во 2005 година донесени се измените во Законот за заштита на сведоци. СДСМ тогаш имал можност да направи измени во законот, но социјалдемократите не го направиле тоа. Пратениците на СДСМ во мај 2005 година гласале за Законот за заштита на сведоци предложен од Владата предводена од СДСМ. Врз основа на одредбите од овој закон му е изречена казната затвор на новинарот Томислав Кежаровски во случајот Ликвидација.
„Тој што спротивно на закон ќе ги оддаде: вистинскиот идентитет, домот, престојувалиштето на лицата од членот 2, став 1 точки 1,2,3 и 4 на овој закон, како и други информации што можат да доведат до нивна идентификација која би им го загрозила животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот од поголем обем на лицата од членот 2, став 1 точки 1,2,3 и 4 на овој закон ќе се казни со затвор од најмалку 4 години, се предвидува во казнените одредби од овој закон во член 42“
За овој закон, според листата на гласање до која дојдовме, може да се види дека ЗА гласале  Цветанка Иванова, Борис Кондарко, Јани Макрадули, Тито Петковски и сите други пратеници од СДСМ.

Истиот закон во јули месец 2005 година бил изменет и дополнет, но и тогаш пратениците од СДСМ не поднеле ниту еден амандман за измена на казнените одредби и намалување на предвидената казна затвор од најмалку 4 години.
Очигледно дека судот ја изрекол казната затвот на Томислав Кежаровски врз основа на Законот кој го предложила Владата предводена од СДСМ , а за тоа гласале пратениците од СДСМ.
СДСМ по однос на овој случај се обидува со Собранието да покрене комисиска расправа, иако реално Кежаровски ја добил најниската можна казна за делото за кое се товари, казна предвидена од нив самите.
.Пратениците на СДСМ во мај 2005 година гласале за Законот за заштита на сведоци предложен од Владата предводена од СДСМ. Врз основа на одредбите од

Пронајдете не на следниве мрежи: