четврток, 12 ноември 2026
Најново

Започнаа четвртите спортски игри во мал фудбал во Берово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во спортската сала “Македонски Бранители“ во Берово започнаа Спортските игри во мал фудбал помеѓу институции и правни субјекти од Берово и Пехчево со одигрување на натпреварите од првото коло на турнирот.Во духот на спортот и фер игра, четвртите по ред спортски игри кои се под покровителство на градоначалникот на општина Берово, во првото коло понудија фер и одлични 5 натпревари со одлична игра и спортски дух.
На овогодинешните игри учествуваат 11 екипи кои ќе играат во бод систем, и за најдобрите три екипи се обезбедени парични награди и пехари од покровителот, додека награди и дипломи ќе бидат доделени и за најдобар играч на турнирот, најдобар голгетер на турнирот, најдобар голман на турнирот и ветеран на турнирот.
Во првото коло од игрите беа одиграни следните натпревари:
1.Такси возачи – Општина Берово и ПСШ “Малешево“ – 0-9
2.ПС-ОН Берово – АРМ Гарнизон, Штип  – 2-0
3.Бензински пумпи – ЈПКР “Услуга“, Берово –  3-2
4.Здружение на приватни фирми – Угостителски работници  – 1-2
5.Гранична полиција – Жито Малеш1 – 1-4
Слободна екипа во првото коло беше Фагус, Пехчево

Второ коло ќе се одигра во петок на 26.02.2016 година со почеток во 18 часот со следните натпревари:
1.Угостителски работници- Гранична полиција
2.ЈПКР “Услуга“-Здружение на приватни фирми
3.АРМ Гарнизон, Штип- Бензински пумпи
4.Општина Берово и ПСШ “Малешево- ПС-ОН Берово
5.Фагус – Такси возачи
Слободна екипа во ова коло е екипата на Жито МалешВо духот на спортот и фер игра, четвртите по ред спортски игри кои се под покровителство на градоначалникот на општина Берово, во првото коло понуд

Поврзани вести