Запознајте ги девојките кои живеат во пеколот „Рај“. Злоупотребувањето и сексот ги довеле до проституција

На индустриската страна на Штутгарт, почива еден мал „Рај“. Така барем го претставуваат неговите сопственици, иако не се работи за типичниот поим рај. Станува збор за еден од најпосетените бордели во Германија, во кој работат повеќе од 150 девојки. Овој сосема легален рај кој годишно го посетуваат повеќе од 50.000 мажи, му припаѓа на чуениот бизнисмен Јурге Рутлов.
Неговиот бизнис процветал пред 12 години, кога во тогашните новини во законите, проституцијата станала легална, а бројни црвени фенери повторно ги „красеа“ куќите и дворовите.
Се проценува дека германската сексуална индустрија носи 13 билиони евра годишно, а според некои статистики околу 40.000  жени се вклучени во овој бизнис.
Редовен посетител на овој бордел вели дека ова место е остварување на сите соништа.
„Навистина е вистински рај, бидејќи има толку прекрасни девојки, во чиј квалитет никогаш не сум се посомневал. Секако, со повеќето сум имал сексуални односи. Сексот е услуга за која давам пари. И за оваа работа гласи онаа стара поговорка „колку пари, толку музика“, објаснува тој.
Режисерот Ед Ватс снимил документарен филм  за овој бордел и вели дека тоа е едно од најневеројатните места кои ги посетил. А го пропатувал целиот свет.
„Греењето работи постојано, така да сте приморани да се раскомотите, или ќе бидете облиени со пот. Во склоп на објектот се наоѓа и сауна која постојано се користи, па оттаму доаѓа и пареа, што дополнително допринесува бизарност во атмосферата“, објаснува Ватс.

За да влезете во борделот, морате да платите 79 евра, што ви овозможува да користите и велнес услуги, храна и пијалок, а дружењето со девојките посебно се наплаќа.
Девојките кои работат, исто така плаќаат влез од 26 евра и официјално, не работат за сопственикот на овој необичен клуб, иако, некои од нив и живеат внатре.
Иако живеат во „Рај“, нивната приказна е сосема поинаква.

Во просек  заработуваат околу 8.000 евра месечно, а Мајкл Бертин, маркетинг менаџер на клубот, вели дека дневно чита и до 50 апликации за работа.
„Доколку ми стигне меил од Романија, веднаш го бришам, бидејќи тие девојки веќе работат за некого“, објаснува тој
Сепак, повеќе од 90 проценти од жените кои се занимаваат со проституција, запловиле во овој свет како бело робје, сексуална експлоатација или лажни ветувања.
Приказната на Татијана е токму таква
„Во Романија запознав момче во кое се вљубив. Заедно дојдовме во Гермнија, а тој ми предложи да се вработам во овој клуб. Не сакав да се занимавам со проституција и тоа му го кажав неколку пати, но со текот на времето вршеше се поголем притисок врз мене, а јас се исплашив дека ќе ме депортираат. На крајот се согласив“, вели убавата Татјана и додава  дека  нејзината прва средба со овој свет била вистински кошмар. Нејзиниот партнер немал работа, ниту сакал да најде, па Татјана била приморана повторно да се враќа во „Рај“.
Не крие сечија приказна мрачна позадина, што е случај со Џози (23) која дневно спие со повеќе од 20 мажи, а преку ден оди на факултет и студира криминалистика.
За четири години, колку што се занимава со оваа работа, Џози спиела со повеќе од 15.000 мажи. Во сексуалната индустрија влегла самоиницијативно, но како и повеќето жени кои се занимаваат со оваа работа, во детството трпела сексуално малтретирање.
„Тогаш имав 10 години, а човекот кој ме повреди за мене претставува олицетворение на самиот ѓавол. Ме мачеше, тепаше, а потоа и сексуално ме злоставуваше. По таквото искуство, дел од мене умре, а проституцијата е нешто на што се подготвив. По оној чин, ништо повеќе не беше страшно за мене“, вели Џози.
Мажите кои го посетуваат „Рај“ никогаш не размислуваат за судбините на овие девојки. За нив, тие се објект кои пружаат услуги. Баш како кафе-апарати. Тие не сочувствуваат и немаат емоции кон девојките.
„Ова е место каде што можам да ги остварам своите фантазии. Само тоа ме интересира“, вели еден од посетителите.

Грманските законодавци верувале дека со легализацијата ќе се спречи стигматизацијата на проституцијата, и дека ќе се заштитат правата на жените. Но Германија стана центар на сексуална експлоатација, на повисоко ниво.
Иако е претставена како либерална земја, со отворен ум, се поставува прашањето дали Германија со овој потег само ја уназади положбата на жените.Овој сосема легален рај кој годишно го посетуваат повеќе од 50.000 мажи, му припаѓа на чуениот бизнисмен Јурге Рутлов.
Неговиот бизнис проц

Пронајдете не на следниве мрежи: