ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ОД ИДНИНАТА: Наредната година започнува Третата светска војна!

Џон Титор ја шокираше јавноста во почетокот на овој милениум, кога на разни интернет форуми себе си се претставувал како војник кој допатувал од иднината. Но, многу негови предвидувања не се оствариле, а сепак можеби овие се вистинити!Имено, тој тврди дека е американски војник од 2036 година, од воената база во Тампа, на Флорида и вели дека добил задача да се врати во 1975 година за да го земе IBM 5100, кој е неопходен за поправка на компјутерите поради проблемот со UNIX системите кој ќе се случи во 2038 година.
Како и да е, погледнете ги неговите предвидувања:
1. Разорната нуклеарна Трета светска војна ќе започне во 2015 година
„Светската војна во 2015 година ќе убие три милијарди луѓе“. Голем дел од неговата приказна се заснова врз презирот кон нашата генерација која не направила никакви напори за да ја спречи војната.
Со оглед на ситуацијата во Украина и затегнатите односи помеѓу Истокот и Западот, дали постои шанса 2015 година да биде најлоша за човештвото?

2. Американците го излажаа светот за да го нападнат Ирак
Титор ова го спомнал две години пред почетокот на војната во Ирак, што подоцна се покажа дека Вашингтон навистина ја излажа светската јавност и дека Садам Хусеин немал никакво хемиско оружје кое се наведувало како причина за започнување на војната.
3. Олимписките игри во 2008 година ќе бидат откажани
„Како резултат на големиот број конфликти, нема да постојат официјални игри по 2004 година“. Ова се нема остварено, но дали се сеќавате колку беше блиску откажувањето? Непосредно пред почетокот на игрите имаше огромни протести во Тибет, со повици да се врати Далај Лама и многумина се прашуваа дали тоа ќе доведе до бојкот. Исто така, дојде до војна помеѓу Русија и Грузија поради Северна Осетија на Кавказ.
4. IBM 5100 има скриени функции
Титор наводно се вратил назад во времето со цел да го реши проблемот кој ќе настане во 2038 година со системите UNIX. Постои лимит кој компјутерите можат да го избројат; кога ќе се истроши просторот, можно е да настанат големи проблеми на 19 јануари 2038 година, во 4.14 часот, бидејќи датумот ќе се врати на 1901 година.

5. Вселенски авион со проблем на прегревање
„Дали можете да ми кажете како го решивте проблемот со прегревањето на вашите вселенски авиони?“ Ова е уште една од неговите изјави кои го привлекуваат вниманието. Вселенски авион? Ако мислел на шатл, зошто не напишал шатл?
За многумина ова претставува предвидување на несреќата во 2003 година, кога дојде до експлозија на шатлот „Колумбија“, која се случила кога дел од пената го затнал левото крило за време на полетувањето; кога шатлот повторно влетал во тропосферата, топлиот воздух влегол во расипаното крило и дошло до негова дезинтеграција.
6. Русија и Кина
„Русија и Кина отсекогаш имале чуден однос. Дури и вестите кои сега ги гледам зборуваат во прилог на тоа дека ќе дојде до конфликт поради натрупување на оружје, гранични конфликти и преголемата популација на Кина. Западот ќе стане нестабилен, што на Кина ќе ѝ даде самодоверба да се прошири“.
„Кина наскоро ќе прати човек во вселената“. Ова се оствари во 2003 година.

7. Ќе расте граѓанското незадоволство
„Луѓето ќе бидат апсени и држени во притвор без никаков правен процес“. Една од битните ставки во предвидувањата на Титор е дека ќе дојде до зголемување на внатрешните конфликти кои ќе доведат до граѓанска војна во Америка во 2005 година. Сега е 2014 година и сѐ уште не се случило ништо.
Меѓутоа, немирите во Фергусон, протестите на движењето „Окупирај го Волстрит“, донесувањето на Патриотскиот закон кој ѝ овозможува на владата да ги следи и апси луѓето на сличен начин, се работи кои не смее да се игнорираат.
Цитат за крај:
„Кога ќе дојде времето кога моите предвидувања ќе се остварат, тоа можеби ќе се случи, а можеби и нема. Ако се остварат, вашата способност да го проценувате своето окружување е осакатена. Ако згрешам, тогаш сѐ што реков ќе биде дискредитирано, но ќе ве поттикне да размислите малку за овој свет“.Имено, тој тврди дека е американски војник од 2036 година, од воената база во Тампа, на Флорида и вели дека добил задача да се врати во 1975 година

Пронајдете не на следниве мрежи: