Прочуената „дупка меѓу нозете“ веќе скоро 10 години претставува императив, но новата анкета меѓу припадничките на понежниот пол покажува дека сега еден друг дел од телото е главен на удар.Ако ја видовте фотографијата на Кира Најтли и помисливте дека можеби се работи за секси усните или мачкестите очи – погрешивте. Се работи за изразената клучна коска, која долго време се сметаше за прв знак на анорексија а сега е вистински моден тренд.
Сајтот VoucherCodesPro.co.uk спроведе голема анкета меѓу жените, со која се обиделе да откријат кој дел од телото жените најмногу би сакале да го променат. На изненадување на многумина, на самиот врв на листата се најде изразената клучна коска.
Затегнатиот стомак, задник и издефинирани раце се единствени 3 работи кои жените ги посакуваат повеќе отколку ковчестите рамена, а изненадувачки е тоа што „дупката меѓу нозете“ падна на петтото место.
Како тоа да не е доволно загрижувачки, скоро 60 проценти од жените одговориле дека инспирација за телото добиваат од Инстаграм – како фотошопираните слики на билбордите и во магазините да не се доволни.
Творците на анкетата изразиле голема загриженост, првенствено поради тоа што социјалните мрежи толку многу влијаат на нашите погледи во врска со телото.Ако ја видовте фотографијата на Кира Најтли и помисливте дека можеби се работи за секси усните или мачкестите очи – погрешивте. Се работи за