Животот на Крале Марко

Крале Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) е последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и пошироко. Кралството на Марко е со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.
За потеклото на фамилијата Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија бидејки современите пишани извори не даваат податоци. Најстари податоци за оваа фамилија дава дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно во Херцеговина од сиромашниот властелин Мрњава, кого Душан (цар, 1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето Мрњавчевиќ за оваа фамилија и како такво одамна е востановено во литературата.
За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата „млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на Царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи.

Постојат различни претпоставки за годината кога кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 год., веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турски опсади на Прилеп и Битола во 1385 год., што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава. Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во „Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на: „фактот дека тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“.
На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирчеа крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории се уште не е потврдена од страна на науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов, кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.
Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал

Пронајдете не на следниве мрежи: