Животот на Васил Чакаларов

Васил Чакаларов (Смрдеш, 1874 – Бел Камен, Леринско, 9 јули 1913) бил македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Васил Чекаларов учел во грчко основно училиште, а на негово инсистирање татко му го префрлил да учи во бугарско егзархиско училиште. Завршил четврто одделение и паралелно работел со својот татко на градби низ Егејска Македонија и Грција. Во 1894 година запаѓа во костурскиот затвор, но успеал да избега и да се засолни во Бугарија. Таму работел како кондураџија, каменоделец и sидар, а при престој во Шумен завршил вечерна гимназија.Во 1901 година Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурското добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комитет. Таму учествувал во активностите на Комитетот и станал близок пријател со тогашниот претседател на МК, Борис Сарафов.
Бил врховист, но кога увидел дека врховистите се борат за Бугарската егзархија, се префрлил во ТМОРО. Во Бугарија ја помага и револуционерната активност и на Македонската револуционерна организација. Имено, заедно со Лазар Киселинчев создавал канали за купување и пренесување на оружје од Грција за потребите на самата Организација.
По избувнувањето на Иванчовата афера од 1901 година Чaкаларов бил испратен од Битолскиот окружен револуционерен комитет да им помогне во работата на Пандо Кљашев и Лазар Москов во Костурската револуционерна околија. Тогаш тој егзекурирал еден гркомански шпион од селото Д’мбени.
Во почетокот на 1902 година, Гоце Делчев бил во инспекција низ Костурско и одлучил во околискиот комитет да влезат Кузман Стефов, Лазар Поп Трајков, Лазар Москов, Пандо Кљашев и Михаил Николов, додека Чакаларов и понатаму бил задолжен за набавка на оружје од Грција.

На 20 јули (стар стил) Илинденското востание се кренало и во Костурско со околу 2.000 востаници. На 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото Д'мбени имале борба со турската војска која траела 6 часа, по што Турците се повлекле во Костур.
На 12 август, по голема борба, предводена од Чакаларов, била заземена Невеска,но востаниците веднаш потоа морале да се повлечат. После многу борби на 27 август е донесено решение за повлекување на четите од Костурско, за да се заштити населението од 15.000 аскер. Во екот на востанието Чакаларов бил иницијатор за испраќање на мемоар во име на костурски претставници за турските sверства во Костурско. Мемоарот на 30 август бил испратен до странските дипломатите во Битола.
Васил Чакаларов предводел здружена чета од 450 души. На 29 август во Апоскеп дошло до борба. Во селото Нестрам на 1 септември ги казниле предавниците и растуриле една мала турска воена единица. Потоа, неочекувано за турските власти, преминуваат во албанската област Колоња, надвор од зоната на делување на Организацијата.
Таму од 2 до 8 септември запалиле неколку муслимански села и влегле во неколку судири со локалните албански вооружени одреди. На крајот се враќаат во разореното Костурско, каде што четите се распуштиле. Чакаларов, заедно со сестра си Зоја, Пандо Кљашев и Лазар Киселинчев, тајно ја преминале границата со Грција и од таму со параброд заминале за Бугарија.
Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени.
Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чaкаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел Камен.
Тука Чакаларов загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин каде на сиот глас викале:
„Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“ 
Во 1901 година Чакаларов се преселил во Софија, каде што станал претседател на Костурското добротворно друштво, кое било дел од Македонскиот комите

Пронајдете не на следниве мрежи: