Сте пробале ли до сега златно млеко? Доколку сте од оние кои го вкусиле ова млеко – тогаш знаете за што зборуваме, но доколку не сте – тогаш задолжително пробајте! Вкусот навистина е незаменлив!Главната состојка на ова златно млеко е куркумата, која има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, а богата е со антиоксидансни, противвоспалителни и антиканцерогени својства.
Додавањето на бибер во целиот рецепт ја зголемува телесната апсорпција на куркумата на 2000%!
Подготовка на златното млеко:
1 чекор – Паста од куркума
Состојки:
¼ шолја куркума во прав, ½ лажица мелен бибер, ½ шолја филтрирана вода
Подготовка: Помешајте ги сите состојки во сад за варење на средна јачина. По неколку минути мешање треба да добиете густа паста. Оставете ја смесата да се олади, а потоа чувајте ја во мала тегла во ладилник.
2 чекор – Златно млеко
Состојки:
1 шолја бадемово млеко (кокосовото или домашното кравјо млеко cе одлична алтернатива), 1 лажица кокосово масло, ½ лажичка паста од куркума и мед.
Подготовка: Комбинирајте ги сите состојки освен медот во сад за варење. Додека го загревате млекото со маслото и пастата, не дозволувајте да зоврие. На крај, додајте мед по желба.Главната состојка на ова златно млеко е куркумата, која има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, а богата е со антиоксидансни, противвоспа