Дваесет и осумгодишниот Зоран Елисковски, најсреќниот христијански верник во Битола кој на празникот Богојавление – Водици го извлече крстот од светите води на храмот Свети Великомаченик Димитриј, денеска на покана на Градоначалникот на Општина Битола беше негов гостин. За Елисковски, среќата на Денот на крштевањето е негова силна водилка, но и неописливо чувство кое го исполнува големиот верник:„Ова е голем Благослов од Господ, преубаво чувство. Верата во Бога ме натера на упорност, така што досега седум пати скокам по Светиот крст и ете оваа година имав најмногу среќа“, изјави Зоран Елисковски на средбата со градоначалникот.
Традиционално и годинава, градоначалникот, покрај организираниот прием во неговиот кабинет, додели и награда за најсреќниот на Водици:
„Зоки е многу скромен и принципиелен човек. Тој е пример за сите млади луѓе дека упорноста и вербата секогаш се исплаќаат. Општина Битола традиционално и оваа година на најсреќниот на Водици му додели парична награда од 10 000 денари“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Добиените средства Елисковски и неговите пријатели решија да ги донираат во хуманитарни цели.„Ова е голем Благослов од Господ, преубаво чувство. Верата во Бога ме натера на упорност, така што досега седум пати скокам по Светиот крст и