Според истражувањата, желбата за храна е посилна кај децата отколку кај адолесцентите и возрасните, но тие се способни да ја контролираат таа желба, објавено е во списанието „Psychological Science“.За да дознаат во текот на животот се менуваат желбата за храна и нејзината регулација, американски психолози го испитале искуството со храна на 105 здрави испитаници, на возраст од 6 до 23 години.
На испитаниците со снимање на магнетна резонанца, им ја испитале активноста на мозокот во текот на разгледување на „нездравата“, но примамлива храна.
Во текот на испитувањето на некои фотографии, испитаниците пробале да замислат дека храната е пред нив и да го чувствуваат нејзиниот мирис и вкус, по што требале да ја оценат својата желба за таа храна. На тој начин истражувачите ја процениле типичната реакција при примамливата храна.
Резултатите покажале дека сите возрасни групи во просек имаат 16 % помала желба за храна, кога е користена когнитивна техника за замислување на визуелните карактеристики на храната.
Меѓутоа, децата сепак имале посилна желба за храна отколку адолесцентите и возрасните, дури и кога користеле когнитивна стратегија.
Мозокот на децата со висок индекс на телесна маса покажал ниска префронтална активност во текот на користење на стратегијата за регулација на желбите за храна, отколку мозокот кај децата со нисок индекс на телесна маса.
Затоа истражувачите претпоставуваат дека подрачјето на мозокот, вклулено за регулација на желбите за храна, се разликува кај децата, зависно од телесната маса.За да дознаат во текот на животот се менуваат желбата за храна и нејзината регулација, американски психолози го испитале искуството со храна на 105



