Берзанските индекси на Волстрит во средата беа непроменети бидејќи немаше вести кои би поддржале натамошен раст на акциите. Единствено индексот Dow Jones забележа благ пад по силниот раст во средата.Индексот Dow Jones ослабна за 0,29 отсто, на 14.676 поени, додека S&P 500 остана непроменет на 1.578 поени, на 3.269 индексни поени.По силниот скок на цените на акциите во претходниот ден, вчера инвеститорите на внимателност ги наведоа слабите макроекономски податоци. Нарачките на трајни производи во САД паднале во март за 5,7 отсто, најмногу во последните седум месеци, што е уште еден во низата сигнали дека растот на американската економија забавува.Инвеститорите ги загрижија и деловните резултати на неколку компании. Цената на акциите на Procter&Gamble потона за 5,8 отсто, откако најголемиот светски производител на опрема за домаќинство најави помала од очекуваната добивка.Акцијата на AT&T поевтини за пет отсто бидејќи во првиот квартал овој телекомуникациски гигант забележа нето загуба на претплатниците на мобилната телефонија, поради што му падна пазарниот удел.„Новите вести не поддржуваат оптимизам кај инвеститорите кои сакаат да ја подигнат берзата. Во вакво економско окружување тешко е да се оправда ова ниво на премиите на акциите и тешко е да се спознае што може да стимулира понатамошен силен раст“, вели Брус МеКејн, стратег во KeY Private Bank.Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, бидејќи по минатонеделниот остар пад, цените на суровините закрепнуваат.Силно, за 3,8 отсто, скокна и цената на акцијата на Microsoft, откако најголемиот светски производител на софтвер ја најави за мај новата долго очекувана генерација на Xbox.Акцијата на Boeing, поскапи за три отсто, бидејќи произведувачот на авиони во првото тромесечје оствари подобри деловни резултат од очекуваното.
МакфаксБерзанските индекси на Волстрит во средата беа непроменети бидејќи немаше вести кои би поддржале натамошен раст на акц