Бензините поевтинуваат 4,5, дизелот 3,5 денари

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари за литар, а на дизелот и екстралесното по 3,5 денари, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на литар Еуросупер БС 95 изнесува 78 денари, а литар  Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 79,5 денари.Малопродажната цена литар Еуродизел од ноќеска на полноќ изнесува 67 денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 55,5 денари/Малопродажната цена на килограм мазут М1 НС се намалува за 2,228 денари, со што новата цена  изнесува 40,243 денари. Регулаторите одлуката за значителното поевтинување на цените на горивата ја образложуваат со драстичниот пад на цената на нафтата на светските берзи од 5,89 отсто во изминатите денови. Покрај тоа, курсот на денарот во однос на доларот е за 1,79 отсто понизок.Аналитичарите, пак, драстичниот пад на цената на нафтата на светските берзи го појаснуваат со тоа што макроекономските показатели од САД, Кина и Европа не беа добри, а поголеми од очекуваните беа и залихите на нафта.
Макфакс
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари за литар, а на ди

Пронајдете не на следниве мрежи: