БРАЗИЛ: Упадна во градинка и со секира уби најмалку 4 деца

Маж (25) на југот на Бразил провалил во градинка и со секира убил најмалку четири деца и исто толку повредил. Властите открија како се случил овој напад.

Локалните власти соопштија дека напаѓачот го прескокнал ѕидот на приватна градинка и по случаен избор ги избирал своите жртви, јавува Би-Би-Си.

БРАЗИЛ: Упадна во градинка и со секира уби најмалку 4 деца

Симона Апаресида Камарго, една од наставничките, рече дека тоа е „сцена што мислиш дека никогаш нема да ја видиш во животот“.

„Трчајќи дојде колега и вика – затворете ги вратите и прозорците, некој упаѓа во зградата. Отпрвин мислевме дека е грабеж затоа што се обидел да изврши кражба, па ги заклучив бебињата во бањата, а потоа слушнав како некој пред вратата вели – „дојде да не убие““, објаснила Камарго.

Таа додаде дека во моментот на нападот целото одделение од предучилишна возраст било на игралиштето.

Таа пред насобраните новинари изјави дека успеала безбедно да ги заклучи најмалите деца, за да ги заштити од напаѓачите. Таа изјавила и дека покрај секирата имал и друго оружје, но не прецизирала кое.

Родителите на децата веднаш по добивањето на веста се упатиле кон градинката, а властите на градот Блуменау, каде што се случи нападот, ја прекинаа наставата до утре.

Гувернерот на регионот Санта Катарина, каде што се наоѓа градот, прогласи тридневна жалост.

За потсетување, ова не е прв напад на градинка во Бразил, бидејќи во 2021 година осумнаесетгодишник уби двајца вработени и три деца во градинка во регионот Саудадес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.