Вестите од Италија ги подигнаа европските берзански индекси

Италијанските акции поттикнаа во понеделникот раст на европските берзански индекси благодарение на показателите за пробивање на постизборната политичка блокада, кои ја потиснаа во втор план загриженоста за светскиот економски раст.Лондонски FTSE  порасна за 0,4 отсто на 6.311 поени, франкфуртски DAX беше во плус 0,7 отсто, на 7.514 поен, додека париски CAC скокна  за 0,5 отсто и изнесуваше 3.668 поени.Италијанскиот  индекс FTSE MIB скокна за 1,9 отсто, откако италијанскиот претседател Џорџо Наполитано беше избран на уште еден мандат врз основа на широк консензус меѓу политичките партии.Реизборот на Наполитано ги зголеми изгледите за завршување на двомесечната постизборна блокада, која ја предизвика нерешениот исход од парламентарните избори. По објавата на оваа вест приносите на 10-годишни италијански обврзници се спуштија на најниско ниво за речиси три месеци од 4,09 отсто.„Политичкиот договор би требало да ги отвори вратите за влада на национално единство, што во најмала рака ќе помогне да се добие на време. Приносите на италијанските обврзници се движат кон најниско ниво за повеќе месеци и се чини дека е обновен процесот за нормализација во Италија“, истакнува еден аналитичар.Меѓу добитниците на берзите се истакнаа италијанските банки Banco Popolare и UniCredit, кои добија на вредност 4,1 отсто односно два отсто. Зајакнаа и француските банки, со оглед на силната изложеност кон Италија. Societe Generale доби на вредноста 2,3 отсто, а BNP Paribas 1,5 отсто.Доколку се изземат знаците за напредок во Италија, расположението на берзите на почетокот на неделата беше пригушено од измешаните деловни извештаи на европските компании. Philips ослабна за три отсто бидејќи и покрај добрите квартални резултати најави слаба прва половина на годината.Минатата недела расположенеито на финансиските пазари го притиснаа слабите економски податоци од Кина И САД, поттикнувајќи пад на цените на суровините и златото.
МакфаксИталијанските акции поттикнаа во понеделникот раст на европските берзански индекси благодарение на показателите за про

Пронајдете не на следниве мрежи: