Вкупно 11 затвореници избегаа од затвор од Грција

Единаесет затвореници, претежно странски државјани од кои најмалку петмина Албанци, како што претходно јави тиранскиот весник Шекули, побегнел во петокот во текот на вооружениот напад на затворот Трикала во централна Грција, при што ранети се двајца затворски чувари.

Медиумите пренесуваат дека акцијата за бегството била истовремено и „однатре”, каде што петмина затвореници успеале да дојдат до калашникови со кои пукале врз затворските чувари, Станува збор, како што пренесуваат грчките медиуми, за албански државјани осудени за напади и кражби.
 Кон крајот на февруари истиот затвор беше сцена на спектакуларниот обид за бегство на Панајотси Властос, кој во Трикала ја отслужува доживотната затворска казна поради убиства и изнудувања. Властос, кого властите го идентификуваа како припадник на анархистичката терористичка организација Заговорот на огнените келии, беше убиен при обидот за бегство, а неговите помагачи беа уапсени.
Makфакс
Единаесет затвореници, претежно странски државјани од кои најмалку петмина Албанци, како што претходно јави тиранскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: