Вселенски робот: Погледнете што има наместо нозе ФОТО

Компанијата „Орбит Роботикс“ развива необичен хуманоиден робот наменет за работа во вселената. Се викал Хелиос и бил дизајниран да функционира во бестежински услови.

Наместо класични нозе, овој робот има уште еден пар раце. Станува збор за проект на швајцарскиот стартап Orbit Robotics, создаден од универзитетот ETH Zurich, чија цел е роботите да преземат дел од секојдневните задачи на вселенските станици.

Зошто Хелиос нема нозе?

За разлика од хуманоидните роботи наменети за Земјата, Хелиос користи четири раце. Две се наоѓаат таму каде што нормално би биле нозете, а на нивните краеви се дланки наместо стапала.

Компанијата објаснува дека во услови на микрогравитација, нозете речиси и да немаат практична намена.

„Во микрогравитација, нозете имаат многу ограничена улога во движењето. Рацете не се користат само за манипулирање со предмети, туку и за движење, стабилизирање и извршување задачи“, изјавија од „Орбит Роботика“.

Хелиос ќе ги користи сите четири екстремитети за движење низ модулите на вселенската станица, ќе се држи до конструкцијата и ќе извршува разни операции.

Тоа би можело да им заштеди на астронаутите десетици часови работа

Компанијата тврди дека астронаутите моментално поминуваат приближно една третина од своето работно време на рутинско одржување на системите и опремата. Според нивните проценки, само истоварувањето на една пратка товар бара околу 50 часа работа на екипажот.

Идејата е Хелиос да преземе голем дел од таквата работа, дозволувајќи им на астронаутите да посветат повеќе време на научни истражувања и посложени задачи.

Како што вселенските станици се развиваат и растат, роботите како овој би можеле да станат стандарден дел од идните орбитални мисии.
The post Вселенски робот: Погледнете што има наместо нозе ФОТО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: