Како што дознава Инфомакс попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје.
Според инфромациите на Инфомакс цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.
- Цукерберг: Влада на Бајден притискаше да ја отстраниме содржината за несаканите ефекти од вакцината за КОВИД
- Мадуро инаугуриран за трет мандат, САД ја зголемуваат наградата на 25 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење
- Интерпелацијата за Илире Даути не налага разрешување на пратеничката, објасни Гаши
- Апокалиптични сцени од Лос Анџелес: Штетата измерена во десетици милијарди долари (Слика и Видео)
- Курсна листа: Колку чини еврото денес?
- Сестрите Кардашијан се евакуирани од своите домови, пожарот ја загрозил и нивната населба
- Германски чиновник „претерал“ со прекувремена работа, наплатил стотици илјади евра за ништо
- Денеска се празнуваат Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем
- Рено 5 избран за европски автомобил на годината (Фото)
- Пет хороскопски партнери кои се одлични и одговорни деловни партнери
Во рок од неколку месеци веќе втор пат се случува обид за негово убиство, а она што е интересно е што се повторува на истата локација во кругот на Ист Гејт.
Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
Во моментов во кругот на Ист Гејт Мол има поголемо полициско присуствуво кое го обезбедува периметарот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.