Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 0, а дневната од 9 до 17 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до – 3, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.