Маици инспирирани од модата во 80-те години моментално се најпопуларни меѓу модните блогерки на социјалните мрежи.
За популарноста на овие маици сведочи и познатиот „Lyst“, кој забележал дека побарувачката на маици со кратки ракави постојано расте.
Само минатиот месец побарувачката за ова парче пораснала за 57 отсто, а сето тоа благодарение на модните блогерки на Инстаграм.
Нејзината најпопуларна верзија е онаа која ја лансираше модниот бренд „The Frankie Shop“ и чини речиси 80 долари.
Сепак, доаѓањето на најпосакуваните маици за оваа сезона никогаш не било полесно, бидејќи речиси од секоја маица која ја имате во ормарот можете да го направите овој хит модел, а притоа да не потрошите ниту денар.
Во видеото погледнете колку е едноставно.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.