Еве како Цеца дознала дека ќерка ѝ е бремена: Toa за мене не беше шок…

Идната баба, Светлана Цеца Ражнатовиќ, не можела да ја сокрие среќата по радосната вест од нејзината ќерка дека е бремена. Таа проговори за медиумите и откри како дознала дека ќе има уште еднo внучe, затоа што Анастасија го откри и полот на бебето.

„Кога Анастасија преку видео повик ми кажа дека чекам трето внуче, бев пресреќна. Таа вест за мене не беше шок, туку прекрасно изненадување. Ова е голем благослов од Бога за целото семејство. Анастасија се чувствува одлично, спие малку повеќе од вообичаено, но тоа е нормално – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.
Анастасија и Немања веќе го започнаа заедничкиот живот во Севиља каде уживаат во секојдневието и интензивно ја подготвуваат собата за бебето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.