Додека топлотниот бран беснее во Европа во јужната хемисфера има сосема друга приказна. Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час, а полека се движи источно од земјата. Метеоролозите ги советуваа граѓаните да останат во домовите и да се држат настрана од речните и морските патеки.
Снегот падна во Нов Јужен Велс, Викторија и Канбера, а во планинските области падна 80 см снег. Поради силните ветришта воздушниот сообраќај беше запрен и неколку летови беа откажани на аеродромот во Сиднеј. На патиштатата поради намалената видливост и лизгавиот коловоз се случија повеќе сообраќајни несреќи.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.