Еврото во средата дополнително ослаби во однос на американскиот долар на меѓународните девизни пазари и натаму под влијанието на шпекулациите за намалувањето на каматните стапки во еврозоната, но неговите поголеми загуби го спречи скороочекуваното решението на политичката пат позиција во Италија.Еврото во средата кусо време се спушти на вредност од 1,2954 американски долари, што е неговото најниско ниво во 5-ти април, за потоа во текот на тргувањето да се стабилизира на 1,2987 долари, што значи дека беше во загуба од 0,1 отсто во однос на затворањето на тргувањето во вторникот.И покрај очекувањата за намалувањето на и онака рекордно ниските каматни стапки, еврото истовремено скокна во однос на швајцарскиот франк на 1,2319 франка, највисокото ниво во последните пет седмици, поради обновените шпекулации дека швајцарската централна банка би можела да го подигне минималниот курс од 1,2 франка за 1,25 франка за евро.Со единствената европска валута се тргуваше во средата по 129,14 јапонски јени, што значи дека и натаму е чувствително под највисокото ниво во последните три години од 131,10 јени на кои се искачи неодамна.Американскиот долар, пак, во однос на јапонскиот јен ослаби за 0,1 отсто и со него се тргуваше по 99,38 јени.Од новите вести од економиите во еврозоната кои влијаеја врз тргувањата на девизните пазари се издвојува индексот за деловна клима што го изработува германскиот економски институт Ifo кој укажува на влошување на атмосферата меѓу тамошните деловни челници во април, втор месец по ред, што ја зајакна загриженоста во врска со состојбата на најголемата економија во еврозоната.Новите слаби податоци коишто го притиснаа еврото, и така ранливо по вчерашното објавување на слабиот германскиот индекс на менаџерите на навака PMI на лондонската компанија Markit кој покажа остар пад на деловните активности во Германија.Инвеститорите сега се фокусирани на можното намалување на клучните каматни стапки во еврозоната од рекордно ниските 0,75 отсто, па внимателно се следат активностите пред заседанието на Европската централна банка (ECB) закажано за 2-ри мај.Блага поддршка на еврото во средата му пружија вестите од Италија дека претседателот Џорџо Наполитано му го довери мандатот за формирање влада на Енрико Лета, вториот човек на Демократската партија (PD) којашто ја води мнозинската лева коалиција кој треба да состави коалициска влада. Формирањето на влада во третата според обемот економија во еврозоната по повеќемесечните неизвесности би им дало олеснување на инвеститорите заинтересирани за купување сопствености во зоната на користење на единствената европска валута.„Податоците од Германија се слаби, Ifo индексот е слаб, а доколку ECB ги намали каматните стапки следната седмица, курсот на еврото ќе паѓа“, вели во анкетата на Reuters Манкаш Џаин, челник на одделот за валутни анализи и инвестициско управување во хеџфондот „solo Capital“.
МакфаксЕврото во средата дополнително ослаби во однос на американскиот долар на меѓународните девизни пазари и натаму под вли